Доналд Макинли Гловер Помладиот (; р. 25 септември 1983 г.), познат и по неговото уметничко име Чајлдиш Гамбино (англ. Childish Gambino) ― американски глумец, комичар, пејач, рапер, писател, режисер и продуцент. Од 2016 до 2022 година глумел во серијата Атланта, за која исто така бил сценарист и повремен режисер. За серијата освоил многу признанија, меѓу кои и две награди „Еми“ за серија во ударен термин и две награди „Златен глобус“.

Гловер глумел во неколку филмови: натприродниот филм на ужасите Ефектот на Лазар (2015), комедијата Магичниот Мајк XXL (2015), научнофантастичниот филм Марсовец (2015), Спајдермен: Враќање дома (2017) и Соло: приказна од војните на ѕвездите (2018). Тој го позајмил гласот на возрасниот Симба во Кралот Лав (2019) и го продуцирал краткиот филм Островот Гвава (2019), во кој и глумел. Тој е косценарист на хумористичната телевизиска серија Swarm (2023–денес). Во 2024 година, тој ја создал и глуми во серијата Господин и госпоѓа Смит.

Во 2011 година, Гловер потпишал договор со Glassnote Records и го издал неговиот прв студиски албум Camp (2011). Неговиот сингл од 2016 година „Redbone“ освоил Греми награда за најдобра традиционална R&B изведба. Синглот на Гловер од 2018 година, „This Is America“ дебитирал на врвот на Billboard Hot 100, и победил во сите категории за кои бил номиниран на 61-то доделување на Греми наградите: Запис на годината, песна на годината, најдобра рап изведба и најдобро музичко видео; песната влегла Гинисовата книга на рекорди како прва хип-хоп-песна која победила во категориите запис и песна на годината.

Детство и образование Доналд Макинли Гловер Помладиот е роден на 25 септември 1983 година во Едвардс, Калифорнија; детството го поминал во Стоун Маунтин, во близина на Атланта, Џорџија.

Доналд Гловер учел во средното училиште Авондејл и уметничкото училиште Декалб. Во 2006 година, тој дипломирал на отсекот драмско пишување на Факултетот за уметност Тиш при Њујоршкиот универзитет. Додека бил во Тиш, тој сам го продуцирал микстејпот The Younger I Get, кој не бил објавен. Тој станал диџеј и да почнал да прави електронска музика под името MC DJ (подоцна како mcDJ) со ремикс на албумот од Суфјан Стивенс, Illinois (2005).

Кариера

2006 ― 2010: Улоги во комедии и микстејпи Од 2006 до 2009 година, бил еден од сценаристите на телевизиската серија на NBC, 30 Rock, во која и повремено глумел. Во 2008 година, тој и другите косценаристи од серијата добиле награда од Здружението на сценаристи на Америка за „Најдобра комична серија“. Додека студирал на Њујоршкиот универзитет, Гловер станал член на скеч-групата Дерик комеди. Групата напишала сценарио и глумела во долгометражниот филм, Таинствена екипа (англ. Mystery Team), кој бил премиерно прикажан на филмскиот фестивал „Санденс“ во 2009 година. Гловер имал главна улога во ситкомот Заедница (англ. Community) на NBC, премиерно прикажана во септември 2009 година. мини|209x209пкс| Гловер на панел за PaleyFest во 2010 година Естрадното име на Гловер, Чајлдиш Гамбино, кое го користел за да ја започне неговата музичка кариера, потекнува од генератор на имиња од Wu-Tang Clan. Во јуни 2008 година, тој издал микстејп под наслов Sick Boi. Во септември 2009 година, тој го објавил неговиот втор микстејп Poindexter. Два микстејпа под наслов I Am Just a Rapper и I Am Just A Rapper 2, биле објавени за кратко време во 2010 година, а Culdesac, неговиот трет микс, бил објавен во јули истата година.

Гловер ја добил наградата „Ѕвезда во подем во комедија“ на фестивалот Just for Laughs во јули 2010 година.

2011 ― 2014: Први студиски албуми лево|мини| Гловер настапува под името Чајлдиш Гамбино во Bowery Ballroom во Њујорк во 2010 година Неговиот прв миниалбум, под наслов ЕР, бил објавен во март 2011 година.

Пред објавувањето на неговиот прв студиски албум, Гловер потпишал со Glassnote Records. Албумот под наслов Camp, бил издаден на 15 ноември 2011 година, а бил поддржан од неговиот прв сингл „Bonfire“ и од „Heartbeat“. Camp дебитирал на единаесеттото место на Билборд 200 и бил добро прифатен од критичарите. Стив Лепор од PopMatters напишал дека тоа била „несомнено една од најдобрите плочи од сите жанрови издадени во 2011 година“.

Гловер на својата веб-страница во април и мај 2012 година ги објавил песните „Eat Your Vegetables“ и „Fuck Your Blog“. Соработувал со британската пејачка Леона Луис како рапер на синглот „Trouble“ од нејзиниот албум Glassheart (2012). Во 2013 година, Гловер потпишал договор со ТВ-каналот FX за продукција на музичка емисија под наслов Атланта. Тој имал споредна улога во романтичната комедија The To Do List (2013) и гостувал во две епизоди од хумористичната телевизиска серија „Девојки“ на почетокот од 2013 година. мини|242x242пкс| Гловер на фестивалот South by Southwest во 2014 година Неговиот втор студиски албум, Because the Internet, бил издаден во декември 2013 година и дебитирал на седмо место Билборд 200. За да го промовира албумот, Гловер напишал краток филм Ракоплескање од погрешни причини. Од февруари до мај 2014 година, тој бил на турнеја под наслов „The Deep Web Tour“.

На 2 октомври 2014 година, тој објавил микс под наслов STN MTN, а следниот ден објавил ЕР под наслов Kauai. На 57-то доделување на Греми наградите, тој бил номиниран за Греми за „Најдобар рап-албум“ за Because the Internet и за „Најдобра рап-изведба“ за „3005“.

2015 ― 2017: Филмски улоги и следни албуми Во 2015 година, Гловер глумел во три филма. Во Ефектот на Лазар (англ. The Lazarus Effect) глумел научник кој во соработка со тим истражувачи оживуваат мртовци со катастрофални последици. Гловер глумел пејач во комичната драма Магичниот Мајк (англ. Magic Mike XXL) во која извел преработка на песната „Marry You“ од Бруно Марс. Во неговиот трет филм таа година, научнофанатастичната адаптација од Ридли Скот Марсовец, Гловер глуми астродинамичар во Лабораторијата за млазен погон кој помага во спасувањето на астронаут, кој го игра Мет Дејмон, заглавен на Марс. Гловер придонел за саундтракот на Крид (2015), филм од серијата филмови Роки.

Серијата Атланта премиерно почнала да се прикажува на 6 септември 2016 година и добила многу позитивни критики. Гловер го пишувал сценариото, повремено ја режирал серијата, бил извршен продуцент и го глумел ликот на Ернест Маркс. За неговиот придонес во серијата, Гловер добил Златен глобус за: „Најдобра телевизиска серија ― мјузикл или комедија“ и „Најдобар глумец во телевизиска серија - мјузикл или комедија“ и „Еми“ за серија во ударен термин во категориите: „Извонреден глумец во главна улога во комична серија“ и „Извонредна режија за комична серија“, со што станал прв црнец кој освоил Еми за режија на комична серија. Поради успехот на серијата, FX потпишале со Гловер ексклузивен договор за сценарио и продукција на повеќе емисии за ТВ-мрежата.

Во декември 2016 година, Гловер го издал неговиот трет студиски албум „Awaken, My Love!“. Албумот се сметал за смело отстапување од неговиот вообичаен хип-хоп-стил бидејќи Гловер најчесто пеел наместо да рапува и бил под влијание од психоделичната соул, фанк и R&B музика. Албумот бил позитивно примен од музичките критичари и на Греми наградите во 2018 година бил номиниран за албум на годината и за најдобар урбан современ албум, а синглот од тој албум „Redbone“ ја освоил наградата за Најдобра традиционална R&B изведба и бил номиниран за запис на годината и најдобра R&B песна.

Во 2017 година, Гловер го глумел криминалецот Арон Дејвис во суперхеројскиот филм Спајдермен: Враќање дома (2017). Во април 2017 година, Тајм го ставил Гловер на нивниот годишен список од „100 највлијателни луѓе во светот“.

2018 ― 2020: Издавање на синглот „This Is America“ и албумот 3.15.20 Гловер потпишал со RCA Records во јануари 2018 година. Во мај 2018 година, тој објавил сингл насловен „This Is America“. Песната дебитирала на прво место и станала негова прва песна која се искачила на врвот на топ-листата во САД. „This Is America“ освоила Греми за песна на годината, најдобро музичко видео, најдобра рап/испеана изведба и запис на годината и станала прва рап песна која ја освоила наградата за запис на годината. лево|мини|190x190пкс| Гловер (лево) го промовира Соло со Фиби Волер-Бриџ во 2018 година За време на снимањето на втората сезона од Атланта, Гловер го глумел ликот на Ландо Калисијан во Соло: Приказна за војните на ѕвездите (2018). И покрај турбулентната продукција на филмот и слабиот успех на кино-благајните, изведбата на Гловер била пофалена, а особено од критичарката Стефани Захарек за неговата „непослушна, харизматична елеганција“. Во јули 2018 година, Гловер го издал мини-албумот Summer Pack.

Во февруари 2018 година, Гловер глумел во филомот Островот Гуава, по сценарио на Стивен Гловер и режиран од Хиро Мураи, а бил снимен на Куба. Во него Гловер глуми музичар кој е решен да организира фестивал во својата татковина, а Ријана има улога на како негова девојка и муза. Филомот бил објавен во 2019 година и по премиерата во Coachella, добил позитивни критики.

Неколку дена по настапот на Coachella во април 2019 година, Гловер премиерно ја претставил новата песна „Algorythm“. Се очекувало Гловер да издаде уште еден албум според условите од договорот што Гловер го потпишал со RCA Records во јануари 2018 година.

Гловер го позајмил гласот на возрасниот Симба, насловниот протагонист во Кралот Лав (2019), римејк на истоимениот филм од 1994 година. Гловер пеел на саундтракот од филмот и на албумот The Lion King: The Gift, со песни инспирирани од филмот. Иако добил мешани критики, филмот заработил 1,6 милијарди дилари и еден од филмовите со најголема заработка на сите времиња.

На 15 март 2020 година, Гловер на неговата веб-страница Donald Glover Presents го објавил неговиот изненадувачки четврти албум. Како гости на албумот се појавуваат раперот 21 Savage и Аријана Гранде. Следната недела албумот бил објавен на дигитални услуги под името 3.15.20. Тој бил добро прифатен од музичките критичари и дебитирал на 13-то место на Билборд 200.

2021―: Нови телевизиски серии и објавување на албумот Atavista Во 2021 година, Гловер потпишал целосен договор со Amazon Studios. Било најавено дека тој ќе биде продуцент и ќе глуми во телевизиската адаптација на филмот од Даг Лиман од 2005 година „Господин и г-ѓа Смит“. Третата и четвртата сезона од серијата Атланта премиерно почнале да се прикажуваат на 24 март 2022 година и на 15 септември 2022 година, соодветно.

Гловер ја креирал телевизиската серија Swarm, во која глумат Доминик Фишбек, Демсон Идрис и Клои Бејли. Тој бил режисер и извршен продуцент на серијата и таа била прв проект од неговиот договор со Amazon Studios. Во април 2023 година, Гловер потврдил дека повторно ќе глуми во ситкомот „Заедница“.

Во април 2024 година, за време на радио пренос на продуцентската куќа на Гловер, GILGA, Гловер навел дека планира да го реиздаде албумот 3.15.20 како „завршен“ албум под наслов Atavista, како и дека подготвува нов албум. Гловер рекол дека новиот албум ќе биде последен албум на Чајлдиш Гембино и дека всушност ќе биде саундтрак за претстојниот филм под наслов Бандо Стоун во Новиот свет. Во мај 2024 година, Гловер го издал албумот Atavista.

Личен живот Во мај 2015 година, Гловер започнал врска Мишел Вајт; тие се венчале во јануари 2024 година.Clack, Erin (February 7, 2024)"Donald Glover Reveals He Got Married — Then Went Straight Back to Work on Mr. & Mrs. Smith the Same Day" Retrieved February 7, 2024. Тие имаат три сина Гловер е познат како личност која ја цени приватноста и ретко објавува на социјалните мрежи и ретко прави интервјуа.

Дискографија

Camp (2011) Because the Internet (2013) "Awaken, My Love!" (2016) 3.15.20 (2020) Bando Stone in the New World (2024)

Филмографија

Филм