мини|272x272пкс|Корицата на првиот том на македонски јазик Убиец на демони () — манга од авторот и илустратор Којохару Готоге, серијалирана во списанието за шонен-манга Weekly Shonen Jump на Shueisha од февруари 2016 до мај 2020 г., а подоцна објавено во дваесет и три тома танкобон. Издавачката куќа Viz Media и услугата Manga Plus, во сопственост на Shueisha, се одговорни за распределба на мангата во Северна Америка, а мангата ја има и на македонски јазик. Приказната го следи тинејџерот по име Танџиро Камадо, кој станува убиец на демони откако целото негово семејство е убиено од демон, а помладата сестра на Танџиро по име Незуко, единствената преживеана, самата станува демон.

Содржина Приказната го следи тинејџерот Танџиро Камадо. Откако неговиот татко починал, Танџиро ја презел одговорноста за сите домашни работи. За време на неговиот престој во друго село, каде што продавал јаглен, неговото семејство било убиено. Единствените преживеани членови на семејството се Танџиро и неговата сестра Незуко, која и покрај тоа што е опседната од демон, сепак покажува човечки емоции. Тој сака да ја спаси својата сестра од демонска судбина. Откако заедно побегнале од дома, наидуваат на убиец на демони што не успева да ја убие Незуко. Танџиро успешно го убедува дека неговата сестра сè уште не е целосно демон. Убиецот на демони му предлага начин да ја спаси Незуко од други ловци како него, а тоа е и самиот Танџиро да стане убиец на демони.

Аниме Мангата била адаптирана во аниме-серија произведена од студиото Ufotable. Се прикажувала од 6 април до 28 септември 2019 г. со вкупно 26 епизоди. На 16 октомври 2020 г., добила продолжение во форма на филм, со наслов „Kimetsu no Yaiba Movie: Mugen Ressha-hen“. Втората сезона се прикажувала од 10 октомври 2021 до 13 февруари 2022 г. со вкупно 18 епизоди. Третата сезона се прикажувала од 9 април до 18 јуни 2023 г. со вкупно 11 епизоди. Најавена е четврта сезона. Четвртата сезона ќе започне да се прикажува на 12 мај 2024 г.

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии