Тоа () — американски натприроден филм на ужасите во режија на Енди Мускети, објавен во 2017 г. Филмот е заснован на првиот дел од истоимениот роман на американскиот писател Стивен Кинг, кој ја раскажува приказната за седум младинци што се тероризирани од Тоа, суштество што може да има различни облици и ја црпи својата моќ од стравови, омраза и разочарување.

Премиерата на филмот во САД била на 8 септември 2017 г., а во Македонија на 7 септември истата година.

Содржина Кога малите деца во гратчето Дери, Мејн, исчезнуваат, група од седум младинци дознаваат дека убиецот не е човек. Убиецот е злобниот кловн Тоа (наречен и Пенивајз), кој може да се преобрази во она од што најмногу се плашите. Децата, познати уште како Клубот на губитници, одлучуваат да се борат и да го убијат.

Улоги

|Бил Скарсгорд |Тоа / Пенивајз |- |Џејден Мартел |Вилијам „Бил” Денбро |- |Фин Вулфхард |Ричард „Ричи” Тозиер |- |Џереми Реј Тејлор |Бенџамин „Бен” Ханском |- |Софија Лилис |Беверли Марш |- |Вајат Олеф |Стенли „Стен” Јурис |- |Чоузен Џејкобс |Мајкл „Мајк” Хенлон |- |Џек Дилан Грејзер |Едвард „Еди” Каспбрак |- |Николас Хамилтон |Хенри Бауерс |- |Џексон Роберт Скот |Џорџ Денбро

Наводи

Надворешни врски

__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 2017 година Категорија:Американски хорор-филмови Категорија:Филмови за демони