Посредни избори се избори во кои гласачите не ги избираат директно кандидатите или партиите за некоја функција, туку избираат свои посредници кои го прават изборот. Тој е еден од најстарите форми на избори и се користи во многу земји за изборот на шефови на држави (како што се претседатели), кабинети, шефови на влади (како што се премиери), и претставници до горните законодавни домови.

Шефови на држави САД Претседателот на САД се избира посредно, а не директно. На претседателските избори во САД, гласачите гласаат за избирачи во Изборниот колегиум, кои претходно јавно изјавуваат дека ќе поддржат одреден претседателски кандидат. Кога заседава Изборниот колегиум, набрзо после изборите, формално го избира кандидатот кој освоил мнозинство од членовите на Изборниот колегиум. Членовите на федералниот кабинет, вклучувајќи го и потпретседателот, се номинирани од страна на претседателот, и на тој начин се избираат индиректно. Изборниот колегиум е контраверзно прашање во политиката на САД, особено после претседателски избори на кои гласањето е географски поларизирано на таков начин што Изборниот колегиум избира кандидат кој не го освоил мнозинството од гласовите.

Парламентарни системи Републиките со парламентарен систем обично го избираат својот шеф посредно (на пр. Германија, Италија, Естонија, Латвија, Малта, Унгарија, Индија, Израел, Бангладеш). Други, пак, парламентарни републики, како што се Ирска, Австрија, Хрватска, Бугарија и Чешка, го избираат претседателот на непосредни избори.

Наводи

Категорија:Избори