Амаду Ба Зенд Жорж Мвом Онана (роден на 16 август 2001 во Дакар) — белгиски фудбалер, играч од средниот ред на Астон Вила и на белгиската репрезентацијата.
Биографија Роден е во Дакар, Сенегал, од мајка сенегалка и татко камерунец. На 11-годишна возраст, тој заедно со својата мајка и сестра, се преселиле во Брисел, Белгија, кај неговиот татко.
Технички карактеристики Играч од средниот ред добро познат по својата физика, на кој најмногу му лежи позицијата медијано пред одбраната, улога што му овозможува да ја постави акцијата и често да се придружува во офанзивната фаза благодарение на неговите долги чекори и пристојната основна техника.
Клупска кариера Онана ја започнал својата кариера во младинските редови на , но потоа поминал дел од својата младинска кариера и во екипите на Вајт Стар Волуве и , пред да ја напушти Белгија и да се пресели во германскиот Хофенхајм на само 17 години, каде играл 3 години за младите возрасни категории и Хофенхајм II.
За време на летниот преоден рок 2020 година, Онана со слободен трансфер се преселил во , клубот со кој дебитирал во професионалниот фудбал и го постигнал својот прв гол во натпреварот против Динамо Дрезден, во рамките на Купот на Германија загубен со 4-1.
После 25 настапи и 2 гола за Хамбургер во 2. Бундеслига, бил купен од за 7 милиони евра, кој го официјализирал неговиот трансфер на 5 август.
Своето деби за догите го имал на 14 август 2021 во натпреварот од домашното првенство, загубен со 0-4 од . Еден месец подоцна, на 14 септември, дебитирал во Лигата на шампионите во натпреварот Лил - Волфсбург 0-0, во кој влегол во игра од клупата за резерви во 83-тата минута.
На 4 јануари 2022 година, тој го постигнал првиот гол во новиот дрес во натпреварот од Купот на Франција против , постигнувајќи подоцна уште еден за да зголеми на 2-0 пред полувремето, но сепак и покрај големото водство неговата екипа бил елиминирана од натпреварувањето по изведување пенали. Своето искуство со Лил го завршил откако собрал 42 настапи во сите натпреварувања (вклучувајќи осум во Лигата на шампионите) постигнувајќи притоа и три гола.
На 9 август 2022, потпишал за англискиот , во трансфер вреден околу 35 милиони фунти. Дебитирал за карамелите во Премиер лигата четири дена подоцна, влегувајќи од клупата за резерви на местото на Демарај Греј во поразот со 2-1 од Астон Вила на Вила Парк. Својот прв гол за Евертон го постигнал на 14 јануари 2023, во поразот со 1–2 од Саутхемптон.
Репрезентативна кариера Онана ја претставувал Белгија во неколку младински селекции, а на 3 јуни 2022 дебитирал за сениорската репрезентација во поразот со 1-4 од во Лигата на нации.
Во ноември 2022, бил избран во составот од 26 играчи на Белгија повикани за Светското првенство 2022 во Катар; на турнирот одиграл два натпревари во групната фаза, после која неговата репрезентација била елиминирана, завршувајќи на третото место зад подоцнежните полуфиналисти и .
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 28 ноември 2024.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 2020-2021 2Б 25 2 КБ 1 1 - - - - - - 26 3 2021-2022 Л1 32 1 КФ 2 2 ЛШ 8 0 СФ 0 0 42 32022-2023 Евертон ПЛ 33 1 ФАКуп+ЛК 1+1 0 - - - - - - 35 12023-2024 ПЛ 27 2 ФАКуп+ЛК 3+4 0+1 - - - - - - 34 3 Вкупно Евертон 60 3 9 1 - - - - 69 4Вкупно во кариерата 117 6 12 4 8 0 0 0 137 10
Репрезентативна статитика РепрезентацијаГодинаНастапиГолови Белгија202240202350202420Вкупно110
Титули Клупски Астон Вила Лига Европа : 1 2025-2026
Наводи
Надворешни врски
Амаду Онана на soccerway Амаду Онана на transfermarkt Амаду Онана на espn Амаду Онана на whoscored
Категорија:Живи луѓе Категорија:Белгиски фудбалери Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери на ФК Хамбургер Категорија:Фудбалери на ФК Лил Категорија:Фудбалери на ФК Евертон Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Родени во 2001 година Категорија:Фудбалери на Светско првенство 2026