Александра Ешли Хјуз (англ. Alexandra Ashley Hughes, родена на 31 јули 1985), позната по нејзиното уметничко име Али Екс (англиски: Allie X) ― канадска пејачка, текстописец и визуелен уметник. Музичката кариера ја започнала како инди-поп музичар кон средината на 2000-тите, кога свирела во месни групи во Торонто и напишала и снимила неколку самообјавени албуми.

Откако во 2013 година се преселила во Лос Анџелес, Хјуз почнала да работи со продуцентите Cirkut и Billboard и постигнала успех со нејзиниот прв сингл издаден под името Али Екс, „Cаtch“, кој се искачил на 55-то место на канадската топ-100 листа и бил добро прифатен од музичките критичари. Песната станала позната откако на социјалните мрежи била пофалена од поп-пејачката Кети Пери.

Хјуз го издала нејзиниот прв миниалбум CollXtion I во 2015 година, по кој следеле: нејзиниот прв студиски албум CollXtion II (2017) и Super Sunset (2018). Во 2019 година, таа објавила и аналогна верзија од Super Sunset. Нејзиниот втор и трет студиски албум, Cape God и Girl with No Face, биле објавени во 2020 и 2024 година, соодветно.

Животопис Александра Ешли Хјуз е родена на 31 јули 1985 година во Оуквил, Онтарио. Татко ѝ имал британско потекло. Таа учела во уметничкото училиште Етобикоке, потоа студирала класично пијано и пеење на „Академијата за уметности - Интерлокен“ во Мичиген и дипломирала на колеџот Шеридан на отсекот за музички театарски изведби.

Дискографија Студиски албуми

CollXtion II (2017) Cape God (2020) Girl with No Face (2024)

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1985 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Канадски кантавтори Категорија:Канадски пејачки Категорија:Канаѓанки во електронската музика Категорија:Синт-поп-пејачи Категорија:Електропоп музичари Категорија:Канаѓани со британско потекло Категорија:Канадски телевизиски глумици Категорија:Канадски инди-поп-музичари Категорија:Канадски кантавторки Категорија:Канадски поп-пејачки