мини|Пушка обесена на ѕид Чеховска пушка () — наративно начело што вели дека секој дел во приказната мора да биде неопходен, а безначајните делови треба да се отстранат. На пример, ако писателот има пушка во приказната, мора да има причина за тоа, како што е пукање некое време подоцна во заплетот. Сите делови на крајот мора да влезат во игра во одреден миг од приказната. Некои автори, како Хемингвеј, не се согласуваат со ова начело.

Начелото е писмено неколку пати забележано од Антон Чехов, со одредени промени. Тоа било совет за младите драматурзи.

Во последниве години, поимот добило и значење на дел на заплетот што се воведува рано во приказната, чие значење за заплетот станува јасно дури подоцна. Ова значење е одвоено од првичната намера на Чехов со начелото, кое се однесува на наративната конзервација и неопходност, а не на значењето на заплетот.

Примери Начелото се спроведува донекаде буквално во многу од филмовите за Џејмс Бонд, во кои на шпионот му се претставени нови гаџети на почетокот на мисијата - како што е скриен пиштол со стрела активиран со зглоб - и обично секој уред има витална улога во приказната. Начелото наложува дека можат да бидат претставени само уредите користени подоцна во приказната. Вообичаена заблуда е дека самото откритие е елемент на заплет на Чехов.

Варијации Ернест Симонс, (1903-1972) пишува дека Чехов ја повторил истата точка, поради што може да има неколку варијации.

„Никогаш не смеете да поставите наполнета пушка на сцената ако нема да пукне. Погрешно е да се даваат ветувања што не сакате да ги исполните“. (Овде „оружјето“ се однесува на монолог што Чехов го сметал за излишен и неповрзан со остатокот од претставата.) „Отстранете сè што нема врска со приказната. Ако во првиот чин кажете дека има пушка обесена на ѕидот, во вториот или третиот чин таа апсолутно мора да пукне. Ако нема да пука, не треба да виси таму“. - Сергиј Шчукин (1911) Мемоари. „Ако во првиот чин сте закачиле пушка на ѕид, тогаш во следниот треба да пукне. Во спротивно не ја ставајте таму.

Критика Ернест Хемингвеј го исмејувал ова начело во неговиот есеј „Уметноста на краткиот расказ“,The Art of the Short Story Ernest Hemingway. давајќи пример за два лика кои се воведени и никогаш повеќе не се спомнуваат во неговиот расказ „Педесет илјади долари“. Хемингвеј ценел небитни детали, но признал дека читателите неизбежно ќе бараат симболика и значење во нив. Писателката Андреа Филипс забележала дека доделувањето по една улога за секој детаљ ја прави приказната предвидлива и ја остава „безбојна“.

Пишувајќи во 1999 година, Доналд Рејфилд забележал дека во драмата на Чехов „Вишновата градина“, спротивно на самиот совет на Чехов, има две наполнети огнени оружја од кои не се пука. Неиспуканите пушки се врзуваат за темата на претставата за недостиг или нецелосно дејство.

Поврзано Концизност – начело на краткост во пишувањето Deus ex machina – елемент на заплетот воведен неочекувано за да се реши инаку нерешлива ситуација

Наводи

Категорија:Антон Чехов Категорија:Теорија на книжевноста Категорија:Раскажувачки техники