мини| Делта Кизилирмак јануари 2021 година Сушата е честа појава во Турција, особено на југот и во центарот на земјата, а 2021 година е најсушна година во последните 2 децении. Се предвидува дека сушите ќе се случуваат почесто поради климатските промени, а 2023 година исто започнала со суша. Најголем дел од загубата на вода се должи на лошото наводнување. Во 2022 година, Светската банка заклучила дека „без реформи, падот на снабдувањето со вода од 10 отсто во Турција би можел да го намали БДП за 6 отсто“.

Климата

Временски примероци Поголемиот дел од климата на Турција во внатрешноста е степска клима, а на јужниот и западниот брег медитеранска клима која се карактеризира со летна суша. Климата на Турција е под влијание на северноатлантската осцилација (NAO), Медитеранскиот индекс на циркулација и јужниот индекс на осцилации.

Климатска промена Поради глобалното затоплување, се предвидува зголемување на екстремните суши и недостиг на вода, на пример во покраината Анкара.

Географија Делови од земјата се со сува клима или аридификација. Помеѓу 1931 и 2010 година екстремна суша се случила во 3% од земјата, тешка суша во 4% и умерена суша во 7%. Најмали врнежи во Турција има околу езерото Туз околу 35 см годишно.

Големи суши Тешка суша се совпаднала со колапсот на Империјата Хит околу 1198–1196 п.н.е. И неодамна имало големи суши, и тоа во 1804, 1876, 1928, и често од 1970-тите.

Неодамнешни тешки суши

2007–2008 година Помеѓу декември 2006 и декември 2008 година имало значително помалку зимски и есенски врнежи. Поради метеоролошката суша се развиле хидролошки, земјоделски и социоекономски суши. Забележани се загуби на земјоделски производи, недостиг на надземна и подземна вода, недоволни и прекини на вода за пиење во големите градови како Анкара и Истанбул. Сушата најмногу ги погодила регионите на Егејското Море, Мармара, Медитеранот и Централна Анадолија. Вода за пиење се снабдувало од реката Кизил до Анкара и од потокот Мелен до Истанбул.

2013–2014 година Сушата во Источна и Централна Анадолија од 2012 година, комбинирана со летната суша на медитеранската клима, била доживеана како умерена и силна суша во поголемиот дел од земјата во 2013 година. Вкупната количина на врнежи помеѓу 1 октомври 2013 и 17 јануари 2014 година е околу половина од истиот период претходната година и 37% под долгорочниот просек.

2020–2021 година мини| Влага во коренската зона - највисокиот метар на почвата - на 11 јануари 2021 година. Темно црвената означува помалку од 2% влага. Врнежите биле под просекот од средината на 2019 година, а особено во втората половина на 2020 година, а сушата главно влијаела на земјоделството во Турција, бидејќи големите градски акумулации добиле дожд пред истите да се потрошат.

Ризик од опустинување Повеќе од 60% (51,5 мил. ха) од еколошки чувствителните области се кревки и критични. Смалувањето на езерата може да се должи на намалените врнежи кои се дел од климатските промени и зголемената употреба на вода од страна на земјоделството.

Земјоделство Житото во провинцијата Конија е зафатено. Скоро три четвртини од водоснабдувањето се користело за наводнување и најголем дел од загубата на вода се должело на лошото наводнување, и предложена е поширока употреба на наводнување капка по капка.

Водни ресурси Има околу 1500 кубни метри по лице годишно. Врз основа на индексот Фалкенмарк, Турција е под „воден стрес“ бидејќи има 1.000-1.500 м3 воден потенцијал по лице годишно. Врнежите можат да се измерат со сателит.

Други употреби на водата Хидроелектричната енергија во Турција е намалена поради климатските промени. Според Здружението за водена политика, половина од водата наменета за чешми се губи поради протекување. Според ТЕМА 4 милиони тони дневно се трошат за ископ на јаглен. Сушата во 2023 година предизвикала прекин на електричната енергија и зголемување на цените на струјата и гасот.

Официјално санкционираните методи за борба против сушата вклучуваат подобра заштита на речните сливови, изградба на брани, собирање на дождовница, употреба на техничка вода и молитва за дожд.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Климатски промени во Турција Категорија:Климатски промени