Махмутли или Махмуџи (, Триандафилија; до 1927 г. Μαχμουτζή, Махмуѕи или Μαχμουτλή, Махмутли) — село во Серско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Сè до 1920-тите било населено со Турци.

Географија Селото се наоѓа во Серското Поле на околу 6 км западно од Димитрич и југозападно од Сер.

Историја Во Отоманското Царство Во XIX и почетокот на на XX век Махмутли било село во Серската Каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Мархмутли имало 240 жители, сите Турци.

Во Грција За време на Првата балканска војна селото е окупирано од Бугарија, но по Втората балканска војна во 1913 г. е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година населението броело 264 жители, а во 1920 г. опаднало на 114 лица. Во 1923 г. населението е иселено во Турција по сила на Лозанскиот договор, а на негово место се доведени грчки колонисти. На пописот од 1928 г. Махмутли е претставено како наполно дојденско село со 204 жители (62 домаќинства).

Во 1939-1957 г. е изградена црквата „Рождество на пресв. Богородица“.

+ Месности во Махмутли преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Череш Τσέρες Промахос Πρόμαχοςвозвишение на Богданска Планина на ЈЈЗ од Махмутли (463,6 м) Макмара Μακμαρά Рема Родополеос Ρέμα Ροδοπόλεωςрека на ЈЗ од Махмутли Кара Бунар Καρά Μπουνάρ Маври Вриси Μαύρη Βρύσηмесност на Богданска Планина на З од Махмутли Порој Πορόϊ Дјаволорема Διαβολόρεμαрека на С од Махмутли

Население

Опшествени установи Црква „Рождество на пресв. Богородица“

Наводи

Категорија:Визалтија