Џинџос (, Ситохори; до 1928 г. Τζίντζος, Ѕинѕос) — село во Нигритско, Егејска Македонија, денес во општината Визалтија на Серскиот Округ, Грција. Населено е со погрчени Власи, наречени Карагуни, во изворите често нарекувани Грци.
Географија Селото се наоѓа во Серското Поле, југоисточно од Нигрита.
Историја Во Отоманското Царство Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Чинчос (Tchintchos) било село со 108 домаќинства на 320 „Грци“.
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џинџос:
Во 1891 г. Георги Стрезов напишал за селото:
На почетокот на XX век Џинџос било село во Серската Каза на Серскиот Санџак. Во 1900 г. според Васил К’нчов („Македония. Етнография и статистика“) в селото има 660 жители гърци.
По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Џинџос (Ginjos) Живееле 600 „Грци“ и работело грчко училиште.
Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Бидејќи настрадало во војните, таа година имало само 63 жители, но во 1920 г. во него се заведени 854 лица. Според Тодор Симовски, во 1924 г. во Џинџос биле сместени 26 грчки дојденци. Во 1928 г. селото е е преименувано во Ситохори. Истата година во селото се попишани 1.114 жители.
Населението се одржало стабилно сè до 1960-тите кога почнало забележително иселување во поголемите градови.
+ Месности во Џинџос преименувани со службен указ на 6 јули 1968 г. Име Грчки Ново име Грчки Опис Таушан Тепе Ταουσάν Τεπέ Лагокорфи Λαγοκορφήвозвишение на С од Џинџос (69,4 м) и на ЈИ од Патрик
Население
Општествени установи Црква „Св. Ѓорѓи“ од 1762 г.
Наводи
Категорија:Визалтија