Орбитал (англ. Orbital) ― англиско електронско музичко дуо од Отфорд (во Кент), составено од браќата Фил и Пол Хартнол. Името на групата е преземено од обиколницата М25 околу Голем Лондон, која имала значајна улога во развојот на раната рејв-сцена како место на одржување на концерти и журки. Исто така, на корицата од три нивни албуми се прикажани стилизирани атомски орбитали. Во текот на деведесеттите, групата „Орбитал“ добивала добри критики и била комерцијално успешна, а пред сѐ била позната по своите импровизации за време на настапите во живо и по уникатноста на техно-изведбите. На почетокот биле под влијание на раната електро-фанк и панк-рок музика.

Дискографија

Orbital (Green album) (1991) Orbital (Brown album) (1993) Snivilisation (1994) In Sides (1996) The Middle of Nowhere (1999) The Altogether (2001) Blue Album (2004) Wonky (2012) Monsters Exist (2018) Optical Delusion (2023)

Наводи

Надворешни врски

– официјално мрежно место

Категорија:Брејкбит-групи Категорија:Британски хаус музички групи Категорија:Британски техно музички групи Категорија:Музички групи од Кент Категорија:Музички групи основани во 1989 година Категорија:Ремиксери Категорија:Британски електронски музички групи