Јужна патека — македонски филм од 1982 година, во режија на Стево Црвенковски, кој е и автор на сценариото, заедно со Гојко Шкариќ. Главните улоги ги толкуваат: Коле Ангеловски, Неда Арнериќ, Петар Арсовски, Александар Берчек, Маја Оџаклиевска и Милица Стојанова.
Синопсис Во домот, во кој постојано се слушаат расправиите на мајката Неда и нејзината ќерка, се очекува пристигнувањето на синот Ѓорѓи, по завршувањето на постдипломските студии во друг град. Мајката, која нема големи приходи, принудена е да ја изнајмува едната соба од куќата на потстанари. Веднаш по пристигнувањето во домот, Ѓорѓи се соочува со новата потстанарка. На негово големо изненадување, тоа е Ана, неговата поранешна девојка. Не можејќи да се снајде во неочекуваната ситуација, Ѓорѓи веднаш оди кај својот другар Данчо. Ја наоѓа само неговата сопруга, која го известува дека нивниот брак се распаѓа...
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски филмови од 1980-тите Категорија:Филмови од 1982 година Категорија:Филмови на македонски јазик Категорија:Филмови на Стево Црвенковски Категорија:Филмови со Коле Ангеловски Категорија:Филмови со Неда Арнериќ Категорија:Филмови со Петар Арсовски Категорија:Филмови со Александар Берчек Категорија:Филмови со Маја Оџаклиевска Категорија:Филмови со Милица Стојанова Категорија:Филмови со Мајда Тушар Категорија:Појавено во 1982 година во Македонија Категорија:Појавено во 1982 година во Југославија