Кеинан Абди Варсаме (, Кајнан Абди Варсама), познат по неговото уметничко име Кejнаан (англиски: K'naan), ― сомалиско-канадски пејач. Светска популарност стекнал со неговиот сингл „Wavin' Flag“, кој бил избран како промотивна песна на Кока-Кола за Светското првенство во фудбал во 2010 година. Покрај хип-хоп, музиката на Кејнаан содржи примеси на сомалиска музика и светска музика.
Живот и кариера Кејнаан е роден на 16 април 1978 година во Могадишу, главен град на Сомалија. Неговиот дедо бил познат поет, а неговата тетка Магул била позната пејачка. Неговото име, Кејнан, значи „патник“ на сомалиски јазик.
Кејнаан детството го поминал во Могадишу. Неговиот татко, Абди, заминал за Њујорк за да работи како таксист. По избувнувањето на сомалиската граѓанска војна неговата мајка побарала виза за со семејството да ѝ се придружи на нејзиниот сопруг во Њујорк. Кога имал 13 години, Кејнаан и целото негово семејство се преселиле во САД. Половина година живееле во Њујорк, а потоа се преселиле во Торонто, Канада.
Во 2006 година, Кејнаан се вратил во Њујорк, каде што сè уште живеел неговиот татко.
Кејнаан бил оженет со Дека, фармацевтски техничар, со која имаат два сина, родени во 2005 и 2007 година. . Тие се развеле пред Кејнаан да ја започне турнејата со Кока-Кола за Светското првенство во фудбал во 2010 година. мини|Кејнаан во 2007 година Во Канада, Кејнаан се спријателил и почнал да соработува со канадскиот промотор Сол Гај, кој му помогнал да одржи говор пред Високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации во 1999 година. Во говорот Кејнаан ги критикувал ОН за нивните неуспешни мировни мисии во Сомалија. Во публиката бил и сенегалскиот пејач Јусу Н'Дур кој бил импресиониран од настапот и храброста на Кејнаан го поканил да придонесе за неговиот албум „Building Bridges“ од 2001 година.
Овој проект му овозможил на Кејнаан да учествува на други настани на ОН, но и на џез-фестивалот во Монтреал и на фестивалот Поп-експлозија во Халифакс. Ова, исто така, му помогнало во 2002 година да се запознае канадските продуценти Брајан Вест и Џарвис Чрч кои го продуцирале неговиот прв албум The Dusty Foot Philosopher, издаден во 2005 година. Во 2006 година, албумот освоил Џуно награда за „Рап-запис на годината“ и бил номиниран за „Поларис награда“. Исто така, ја освоил наградата од BBC Radio 3 за светска музика во категоријата „Нов уметник“ за 2007 година.
Кејнаан бил на турнеја и соработувал со музичари како Нели Фуртадо, Мос Деф, will.i.am, The Roots, Dead Prez и Pharoahe Monch.
Неговиот втор студиски албум, Troubadour, бил издаден на 24 февруари 2009 година со неговата нова издавачка куќа A&M/Octone Records, а светската дистрибуција на албумот била преку Universal Music Group. Песните на Кејнаан биле вклучени во неколку компјутерски игри. Песната „If Rap Gets Jealous“ го вклучува главниот гитарист на Металика, Кирк Хамет. Ремиксот на синглот „Wavin' Flag“ бил толку популарен кај слушателите така што станал неофицијална химна на Светското првенство во фудбал во 2010 година. На 21 септември 2009 година, Кејнаан отишол на светска турнеја како дел од меѓународната турнеја FIFA World Cup, организирана од Coca-Cola и посветена на Светското првенство во 2010 година.
На 24 јануари 2012 година, Кејнаан издал ЕП со 5 песни под наслов More Beautiful Than Silence. Во песните имало и соработки со Нас и Нели Фуртадо.
Албумот на Кејнаан од 2012 година, Country, God or the Girl, наишол на многу помало признание од критиката и успех за разлика од Troubadour.
Во 2012 година, Кејнаан објавил книга за деца, Кога ќе остарам: Приказната за развиорено знаме.Greg Quill, "The story behind K'naan's "Wavin' Flag"". Toronto Star, 27 September 2012.
Во февруари 2024 година, Кејнан ја освоил неговата прва Греми награда за песната под наслов „Refugee“, која победила во категоријата „Најдобра песна за социјални промени“.JONI MITCHELL, ALLISON RUSSELL, K’NAAN WIN IN 2024 GRAMMY AWARDS
Дискографија Студиски албуми
My Life Is a Movie (2004) The Dusty Foot Philosopher (2005) Troubadour (2009) Country, God or the Girl (2012)
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Канадски рапери Категорија:Канадски пејачи Категорија:Сомалиски пејачи Категорија:Добитници на Џуно награда Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Луѓе од Могадишу Категорија:Натурализирани Канаѓани Категорија:Хип-хоп музичари Категорија:Канадски филантропи Категорија:Канадски писатели за деца Категорија:Живи луѓе Категорија:Канадски поети