Јужноафриканската иницијатива за вакцина против СИДА била јужноафриканска организација со цел да го координира истражувањето и развојот на вакцините против ХИВ во Јужна Африка. Организацијата била затворена на 31 декември 2012 година.

Историја Организацијата била основана во 1999 година од страна на владата на Јужна Африка како проект на Јужноафриканскиот совет за медицински истражувања. Организацијата често соработувала со Мрежата за тестирање вакцини против ХИВ.

Проблеми со финансирањето Во јуни 2009 година, Јужноафриканската иницијатива за вакцина против СИДА објавила дека тестирала нов кандидат за вакцина против ХИВ, но целиот развој на вакцината бил суспендиран на неодредено време поради недостаток на финансиски средства.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:ХИВ Категорија:ХИВ/СИДА Категорија:Вакцини