Долна Маала или Ашаја Маала (, Катомеро; до 1927 г. Ασαγιά Μαχαλέ, Ашаја Mахале; Ασαγιά Μαχαλά; Асаja Mахала) — поранешно село во Валовишко, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Синтика на Серскиот Округ, Грција. Било населено со Јуруци.

Географија Селото се наоѓало на најисточните падини на Беласица, јужно од денешната грчко-бугарска граница. Лежело јужно од селото Тополница и северно под возвишението Ашаја (470 м).

Историја Во Отоманското Царство На крајот од XIX век селото било дел од селата Јуруклери во Петричката Каза, во кои влегувале и Средна Маала (Орта Маала) и Горна Маала (Дере Маала). Трите села понекогаш се сметале за едно, наречено Јурук Маало, на македонски наречено и Тополник.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Тополник (Topolnik) е село со 76 домаќинства на 190 жители муслимани.

Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 г. Долна Маала било село во Петричката кааза со 365 жители, сите Турци. Истовремено во Демирхисарската Каза К’нчов посочува и село Топалник Долни со 370 жители Турци.

Во 1905 г., според Крсте Петков Мисирков, село Долната Мала било македонско со 100 куќи.

Во Грција По Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Таа година населението броело 158 жители, а во 1920 г. во него е попишано 161 лице. Во 1924 г. по сила на Лозанскиот договор неговото население, како муслиманско, е иселено во Турција, а на негово место се доведени грчки колонисти. Во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско со вкупно 221 жител.

Во 1940 г. бројот на жители се намалил на 111. Селото е евакуирано на 13 март 1941 г., малку пред германската инвазија, и населението е сместено во околните села, па дури и во други делови на Грција. По војната тоа не е обновено поради својата гранична местоположба. Отпишано е во 1951 г.

Наводи

Категорија:Историски села во Синтика