Курентовање е најпопуларен и етнолошки значаен карневалски настан во Словенија, кој првпат бил организиран во 1960 година од страна на Драго Хасл и неговите соработници од културните и образовните организации. Овој 11-дневен пролетен обред и значаен настан на плодноста се слави на Прочка во Птуј, најстариот документиран град во регионот, и привлекува вкупно 100.000 учесници секоја година. Во 2016 година бил прогласен за 7-ми најголем карневал во светот од Осамена Планета(анг: Lonely Planet).
Нејзината главна фигура, позната како Курент или Корент, популарно е реинтерпретирана како екстравагантен бог на неограниченото задоволство и хедонизам во раните словенски обичаи. На денешните фестивали, групи куренти носат традиционална облека направена од кожа на овца, додека држат дрвени палки со кожа од еж наречени јежевке закачени на нив, чија врева се верува дека ја „брка зимата“. На овој начин присуството на курентите го најавува крајот на зимата и почетокот на пролетта. Да се биде курент на почетокот било привилегија што им се нудело само на невенчаните мажи, но денес, оженетите мажи, деца и жени се исто така поканети да ја носат облеката.
Во 2010 година се одбележал 50-годишнината од првата организирана инстанца на овој фестивал. Како домаќин на фестивалот, градот Птуј бил примен во Федерацијата на европските карневалски градови во 1991 година.
Во 2017 година, Курентите биле впишани на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно наследство на човештвото.
Потекло на фестивалот Идејата за организиран карневалски настан во Птуј била смислена во 1950-тите години, кога карневалските носии, придружувани од бенд, спонтано формирале поворки на Светиот вторник.
Настанот продолжил да расте. Хасл, неуморен организатор на Курентовање од неговите почетоци до 1970-тите, бил силно убеден дека овој настан можел да помогне да се спречи, според него, екстремно брзото исчезнување на карневалските навики и традиционалните обичаи во околните села. Во 1959 година, Хасл, силно поддржан од оние кои ги споделувале неговите ставови и ентузијазам за настанот, предложил Историското друштво на Птуј да ја преземе организацијата и спроведувањето на карневалскиот настан. Тој предложил настанот да го носи името на најпознатите носии Курент – и се родило Курентовање. Хасл подготвил нацрт во врска со содржината и ги навел главните насоки што требале да се следат за да се трансформира Курентовање во настан од етнографско значење. Неговата визија за настан која ги содржела уникатните карневалски фигури и навики од регионот Птуј, на кои подоцна би можеле да им се придружат и други традиционални словенечки носии, помогнала настанот да прерасне во фестивал на носии. Тој дополнително планирал да ја прошири содржината на настанот со воведување на современи карневалски носии.
Првата „модерна“ верзија на фестивалот Курентовање мини|Еден од првите примероци на Курентовање во 1961 г. На 27 февруари 1960 година, на Прочка, во Птуј била организирана првата модерна верзија на фестивалот, наречена Курентовање, со традиционални карневалски носии од Марковци. Учесниците на карневалот се построиле во поворка. Водачите на поворката биле копјаници, следени од орачи, „мечки“, самовили, петлиња и Куренти, сите танцувале на звукот на музиката што ја свирела локалната група. На насобраната толпа преку звучници им биле објаснети изведбата и обичаите на секоја традиционална носија. Настанот наишол на огромен успех и предизвикал општ интерес што ги охрабрил организаторите да продолжат.
Една година подоцна, на носијата на Марковци им се придружиле орачи од Ланцова Вас, утоварачи на трупци од Цирковци и тажачки од Хајдина. За прв пат карневалски групи се претставиле попладне. Во 1962 година настанот ги надминал локалните граници со покани на други карневалски фигури како што се лавфарџи од Церкно и борово гостивање од Предановци во регионот на Прекмурје.
Интернационализација Меѓународниот аспект на настанот се стекнал во следните години кога на локалните и на словенечките традиционални носии им се придружиле носии од: Хрватска, Србија, Македонија, Унгарија, Австрија, Италија, Јапонија и многу други земји. Бројот на учесници и гледачи растел со текот на годините. При тоа, илјадници ги посетувале карневалските настани за да се восхитуваат на необичните костими и да се приклучат на забавата.
Многу години, главниот дел од настанот бил презентација на поединечни традиционални карневалски групи. Ова се случувало или во сабота или во недела наутро, пред попладневната поворка.
Проширување на програмата на фестивалот Во 1994 година, програмата на фестивалот била продолжена на повеќе од два дена, со мноштво настани, настапи на плоштадот пред градското собрание, погребот на Карневалот и забавна програма во карневалскиот шатор. Од 1999 година па натаму, настанот Принцот на карневалот бил воведен со устоличувањето на принцот што се одржувал на 11 ноември. Ова само по себе станал важен културен и забавен настан.
Во текот на изминатите неколку години, карневалот започнувал точно на полноќ на 2 февруари. Будина, едно од претежно руралните предградија на Птуј, го организирала настанот. Овој настан вклучувал огромен оган околу кој, на полноќ, Курентите, за овој настан, опремени со синџир и пет ѕвона и дрвен стап - почнуваат да танцуваат, со што го најавуваат почетокот на карневалот. Од овој момент на Курентите им е „дозволено“ да ги прават своите вообичаени рути.
Денес фестивалот трае околу единаесет дена, почнувајќи од сабота, една недела пред Прочка, кога само традиционалните карневалски носии формираат поворка на улиците на Птуј и кога на принцот на карневалот му се дава чест да владее со градот. Секој ден има изведби на поединци во костими и многу други видови забава кои се одржуваат на плоштадот пред градското собрание и во карневалскиот шатор.
Активностите кулминираат со саботната поворка на традиционални карневалски носии, детската карневалска парада, погребот на Карневалот и враќањето на власта на градоначалникот на градот. Меѓутоа, бидејќи понекогаш има помалку денови помеѓу Сретение Господово и Чист Вторник, другите активности траат пократко. Следствено, ова влијае на целата програма и развој на настанот секоја година.
Курент или Корант - главната карневалска фигура Курент или Корант е најпознатата традиционална карневалска фигура во целиот регион, како и во цела Словенија. Името веројатно потекнува од вообичаената именка курант „гласник, лакеј, пешак“, со што споделува семантичка основа со церкнскиот термин лавфар. Иако групите Курент можеби не изгледаат сосема исто, таа е најпопуларната и најчестата традиционална карневалска фигура во рамнините Птуј и Драва и во ридовите Халозе.
Курент или Корант, како што е познат денес, своето потекло го има во популарната традиција. Традиционално, облеката на Курент била резервирана за невенчани мажи, но во денешно време Курент-Корант може да биде невенчани или оженети мажи, жени и деца.
Двата типа на словенечки Курент-Корант се таканаречените „пердувести“ и „роговите“, при што разликата е главно во изгледот на покривката на главата. Курент-Корант носи огромна облека од овча кожа. Околу половината виси синџир со закачени огромни ѕвона. Добиената бучава одлично ја „брка зимата“, што е, наводно, функцијата на Курент. Корент, исто така, носи тешки чизми и специјални црвени или зелени грејачи за нозе, додека главата е покриена со висока крзнена капа украсена со панделки и маска со долг, црвен јазик. Дрвената палка обично се носи во левата рака.
Список на карневалски паради Во 1960 и 1961 година, настанот се одржувал во сабота. Од 1962 година, до денешен ден, настанот се одржува на Прочка. Помеѓу 1962 и 1991 година, програмата била закажана во два дела: пред пладне имало дефиле на традиционални носии само на градскиот стадион, а карневалот се одржувал по градските улици попладне. Со собирање од над 50.000 луѓе секоја година на Прочка, ова е најголемиот словенечки дневен јавен настан веднаш до настанот за скијање Планица. десно|мини|280x280пкс| Прво курентовање (1960). На главниот плоштад. десно|мини|280x280пкс| Прво курентовање (1960). На плоштадот на пазарот. десно|мини|280x280пкс| Прво курентовање (1960). Во главниот парк. десно|мини|280x280пкс| Второ курентовање (1961). десно|мини|280x280пкс| Петто курентовање (1964). ИзданиеГодинаДенДатумБрој на посетители11960Сабота пред Прочка27 февруари 6,00021961Прочка11 февруари 14,000319624 март 20,00041963Прочка24 февруари /—1964ПрочкаЧист Вторник9 февруари 11 февруари /51965Прочка28 февруари30,00061966Сабота пред ПрочкаПрочка19 февруари 20 февруари30,00071967Прочка5 февруари откажано81968Прочка25 февруари 20,00091969Прочка16 февруари 20,0001019708 февруари/11197121 февруари35,00012197213 февруари/131973Прочка4 март40-50,00014197424 февруари40-50,0001519759 февруари40,00016197629 февруари45,00017197720 февруари40,0001819785 февруари/19197926 февруари40,00020198017 февруари/2119811 март 40,00022198221 февруари40,00023198313 февруари/2419844 март /25198517 февруари/2619869 февруари/2719871 март /28198814 февруари45,0002919895 февруари40,00030199025 февруари50,00031199110 февруари/3219921 март /33199321 февруари30,00034199413 февруари/35199526 февруари/36199625 февруари25,0003719979 февруари40,00038199822 февруари50,00039199914 февруари10,0004020005 март 50-60,00041200125 февруари45,00042200210 февруари50,0004320032 март 60,00044200422 февруари/4520056 февруари50,00046200626 февруари/47200718 февруари40,0004820083 февруари50,00049200922 февруари55,00050201014 февруари60,0005120116 март 65,00052201219 февруари60,00053201310 февруари30,0005420142 март 50,00055201517 февруари55,0005620167 февруари40,00057201726 февруари60,00058201811 февруари60,0005920193 март 45,00060202023 февруари50,00061202114 февруариvirtual
1972 година - само на настанот на стадионот, без градски карневал. 1992 година - нема класичен карневал, ограничен само на четири градски плоштади.
Традиционални настани
Вовед Бидејќи Настан Секогаш во ист ден 2001 година Курент (Корант) Скок Полноќен ритуал покрај оган кај Куќата на Зоки во Будина(Сретение господово - 2 до 3 февруари)
Главни настани Бидејќи Настани Секогаш во ист ден ↓ Етнички и карневалски паради ↓ 1998 година Отворање етничка поворка сабота пред Прочка2020 година Групи за Ден на Курент (Корант). една недела пред Чиста Среда2015 година Ноќен спектакл Исчезнат петок Градски карневалско шеталиште сабота пред Прочка2013 година 1960 година Меѓународна карневалска парада ПрочкаПарада во словенечките градинки Чист ПонеделникПогреб Шров Чист Вторник
Придружни настани Бидејќи Хуманитарен настан за готвење Секогаш во ист ден 2006 година Обарјада сабота пред Прочка Бидејќи Уметнички настани Секогаш во ист ден 2009 година Екс-Темпор Уметничка колонија сабота пред ПрочкаОтворање на изложбата сабота пред Прочка
Принцовите на карневалот Првиот принц на карневалот Курентовање бил инагуриран на 11 ноември 1999 година, по што ова станало традиција. По иницијатива на Бранко Брумен, еден од главните организатори на Курентовањето и подпретседател на ФЕЦЦ, бидејќи го видел овој фолклор и на други карневали во Европа долго пред Птуј. Во 2000 година, првиот принц ја "зазема" канцеларијата на градоначалникот за период од единаесет дена од карневалот Курентовање. Од 2013 година, принцевите имаат мандат од две години. десно|мини|354x354пкс| Прво издание (1960) на пазарот.