Maroon 5 (транскрипција: Марун фајв) ― американска поп-рок-група од Лос Анџелес, Калифорнија. Се состои од пејачот Адам Левин, ритам-гитаристот и клавијатурист Џеси Кармајкл, главниот гитарист Џејмс Валентин, тапанарот Мет Флин, клавијатуристот Пи Џеј Мортон и мулти-инструменталистот и басист Сем Фарар. Оригиналните членови Левин, Кармајкл, басистот Мики Меден и тапанарот Рајан Дусик ја основале групата уште како средношколци во 1994 година под името Kara's Flowers.
Историја
1994–2001: Kara's Flowers и основање на Maroon 5 Адам Левин преку заедничкиот пријател и гитарист, Адам Салцман се запознал со Рајан Дусик. Левин имал 15 години, а Дусик 16. Четирите оригинални членови на групата се запознале додека оделе во гимназијата Брентвуд во Лос Анџелес.Visakowitz, Susan, "Sophomore Jump".Hoard, Christian (2004-06-45), "A Whiter Shade of Funk". и ја основале рок-групата Кара'с Флауерс. Во септември 1995 година групата самостојно го издала албумот We Like Digging?. Следните години групата имала многу концерти, а исто така снимиле продолжение на нивиот прв албум. Додека свиреле на една забава на плажа во Малибу, ги забележал независниот продуцент Томи Ален и им понудил да им стане менаџер и да снимат албум. Откако ја снимиле плочата добиле договор од Reprise Records. Но, по објавувањето на The Fourth World во 1997 година, групата се претворила во група со стил кој потсетува на Бритпоп-музиката од 1960-тите. И покрај големите очекувања од групата и од издавачката куќа, албумот не бил успешен, а неговиот водечки сингл, „Soap Disco“, бил фијаско.Kimpel 2006, pp. 87–88. Според Левин, неуспехот на албумот бил „огромно разочарување“ и за малку групата ќе се распаднела.Rosen, Craig (June 5, 2005), "Gold 5". Албумот бил продаден во околу 5.000 примероци, а по шест месеци издавачката куќа го раскинала договорот со нов.
Во 2000 и во 2001 година групата имала многу малку концерти затоа што членовите биле на факултет. Во 2001 година потпишале демо-договор со MCA Records и Тим Самер продуцирал три песни за нив. Но MCA не ги прифатила песните и тие не биле објавени. Групата направила демо кое било одбиено од неколку издавачки куќи, пред да склучат договор со Octone Records.
Беркман, извршен директор на Octone Records, сметал дека на групата ѝ треба „петти член кој ќе свири на гитара и ќе го ослободи пејачот, за да стане ѕвезда на која сметав“. Од Octone Records инсистирале групата да го смени името за да напушти своето поп-минато. Како гитарист бил ангажиран Џејмс Валентин (од групата Square).Rosen, Craig (June 5, 2005), "Gold 5". Групата накратко била позната како „Maroon“, пред да го смени името во „Maroon 5“. Во интервју со Хауард Стерн, Левин открил дека единствена личност надвор од групата која ја знае приказната зад промената на името е Били Џоел.
2002–2006: Songs About Jane и заминување на Дусик мини|Maroon 5 на концерт во 2004 година Во 2002 година групата го објавила првиот албум, Songs About Jane. Албумот бил продуциран од Мет Валас, кој претходно работел со групи како: Blues Traveler и Third Eye Blind. Многу песни од албумот биле директно инспирирани од турбулентната врска на Адам Левин со неговата поранешна девојка Џејн. Левин за насловот на албумот рекол: „Раскинавме кога групата почна да снима во студио. Откако составивме листа на песни, решивме да го наречеме албумот Songs About Jane („Песни за Џејн“) зошто сметавме дека тоа е најискрениот наслов за албумот.“ Албумот се искачил на шесто место на Билборд 200 во септември 2004 година, 26 месеци по неговото издавање; ова бил најдолг период помеѓу издавање на албумот и неговото појавување во топ-10 откако резултатите од SoundScan биле вклучени во Билборд 200 во 1991 година. Албумот се продал во над 10 милиони примероци ширум светот. Во текот на следните три години, групата имала турнеја за чие времетраење посетиле седумнаесет земји.
Од Songs About Jane биле објавени четири сингла: „Hаrder to Breathe“, „This Love“, „She Will Be Loved“ и „Sunday Morning“. На Рајан Дусик (тапанар, перкусионист и придружен вокал на групата) му бил напорен животот на постојани турнеи,Maroon 5 2006, pp. 86–87. а му се обновила и старата спортска повреда.Visakowitz, Susan, "Sophomore Jump". По неколку отсуства од турнејата, Дусик ја напуштил групата во септември 2006 година. Мет Флин, поранешниот тапанар на Gavin DeGraw и The B-52's, ѝ се придружил на групата како замена за Дусик.
2007–2012: Нови албуми десно|мини| Maroon 5 во Медисон Сквер Гарден, Њујорк во 2007 година Вториот албум на Maroon 5 , It Won't Be Soon Before Long, бил објавен во мај 2007 година од A&M Octone Records. По неговото објавување, албумот ги срушил продажните рекорди на iTunes и бил продаден во над 101.000 примероци. Првиот сингл „Makes Me Wonder“ бил објавен на 27 март 2007 година. Во првата недела од мај 2007 година, синглот од ниската 64-та позиција се искачил на прво место, најголем скок во историјата на Билборд во тоа време. десно|мини| Maroon 5 на концерт во Хонгконг во мај 2011 година Третиот студиски албум на Maroon 5 бил снимен во средината на 2009 година во Швајцарија. Албумот под наслов Hands All Over, бил издаден на 21 септември 2010 година. Дебитирал на второ место на Билборд 200. Албумот добил мешани критики од музичките критичари, иако многу од нив го пофалиле за неговата продукција. Првиот сингл од албумот „Misery“, бил објавен на 22 јуни 2010 година и се искачил на 14-то место на Billboard Hot 100.
На 12 јули 2011 година, групата го реиздала албумот Hands All Over, за во него да го вклучи и нивниот летен хит „Moves like Jagger“ со Кристина Агилера. Песната била премиерно прикажана во живо на The Voice на 21 јуни и во септември 2011 година стигнала до врвот на Billboard Hot 100 листата.
На 20 ноември 2011 година, на Американските музички наградигрупата ја освоила наградата за Омилен поп-бенд/дуо/група. Следната година, групата ја освоила и наградата за омилен бенд од People's Choice, притоа победувајќи ги Линкин Парк и Колдплеј. На 12 февруари 2012 година, групата настапила на 54-тото доделување на Греми наградите.Подоцна, Maroon 5 придонеле со песна напишана од Глен Хансард насловена како „Come Away to the Water“ за саундтрак-албумот за филмот Игри на гладните.
2012: Пауза на Кармајкл и албумот Overexposed На 9 март 2012 година, Maroon 5 објавиле дека Џеси Кармајкл ќе направи пауза од настапите со групата на неодредено време за да повеќе да посвети повеќе време на неговите студии за „музика и лековити уметности“ и бил заменет со нов клавијатурист Пи Џеј Мортон.
Четвртиот студиски албум Overexposed бил објавен на 26 јуни 2012 година. Левин изјавил дека Overexposed е нивниот „најразновиден албум досега“. На 16 април, Maroon 5 премиерно го извеле првиот сингл од албумот „Payphone“, со Виз Калифа, во реалното талент-шоу The Voice, во кое Левин бил еден од инструкторите. Вториот сингл од албумот „One More Night“ бил издаден на 19 јуни 2012 година. Песната стигнала до прво место на Hot 100, истиснувајќи го хитот од Psy „Gangnam Style“. Девет последователни недели се задржала на првото место и се изедначила со хит-синглот од Карли Реј Џепсен „Call Me Maybe“ за најмногу поминати седмици на прво место на <i id="mwAkY">Billboard</i> Hot 100 топ-листата во 2012 година.
2013–2016: Петтиот албум, враќање на Кармајкл и промени во составот десно|мини| Maroon 5 настапуваат во живо во 2016 година. Групата објавила дека ќе ја предводи турнејата Honda Civic 2013, со специјалната гостинка Кели Кларксон. Турнејата започнала на 1 август и завршила на 6 октомври 2013 година, со 33 концерти.
На 15 април 2014 година, Џеси Кармајкл потврдил дека ја завршил паузата и дека заедно со групата снимаат нов албум. По враќањето на Кармајкл, заедно со Пи Џеј Мортон, групата станала секстет.
Во мај 2014 година, Maroon 5 потпишале договор со Interscope Records и го најавиле нивниот петти студиски албум V (се изговара: „фајв“), кој бил објавен на 2 септември 2014 година. Првиот сингл од албумот „Maps“, бил издаден на 16 јуни 2014 година, и се искачил на 6-то место на топ-листата Hot 100. Вториот сингл, „Animals“ бил објавен на 25 август и се искачил на 3-то место на топ-листата Hot 100.
Албумот стигнал до прво место на американската Билборд 200 листа на 10 септември 2014 година. V добил мешани критики од критичарите.
„Sugar“ бил издаден како трет сингл од албумот на 13 јануари 2015 година. На 22 февруари 2015 година, Maroon 5 ја извеле „Lost Stars“ на 87-то доделување на Оскарите. Песната се појавила на саундтракот од филмот од 2013 година Почни повторно (во кој глуми и Левин) и луксузното издание на албумот V.
На 25 септември 2015 година, групата го издала нејзиниот прв албум со најголеми хитови, Singles. Содржел 12 синглови преземени од првите пет албуми. Во 2016 година, групата ја издала The Studio Albums, комплет-колекција од сите пет албуми.
Истата година, Сем Фарар, кој бил на турнеја и соработувал со Maroon 5, се појавил на промотивната фотографија на групата, во која станал нов официјален член.
2017–2018: Red Pill Blues десно|мини| Maroon 5 во Пепси центарот во Денвер во септември 2018 година за време на блуз турнејата Red Pill . Во јануари 2017 година, Адам Левин открил дека групата работи на нивниот шести студиски албум. Според Левин, албумот требало да биде под влијание на R&B. На 13 август, на доделувањето на наградите по избор на тинејџери во 2017 година , каде што групата ја добила наградата „Декада“, Левин изјавил дека албумот ќе биде објавен во ноември. На 3 ноември 2017 година, Maroon 5 го објавиле нивниот шести студиски албум Red Pill Blues, име инспирирано од научнофанатастичниот филм „Матрикс“ од 1999 година. Албумот се искачил на второ место на Билборд 200.
Од овој албум биле објавени четири сингла: „Don't Wanna Know“, „Cold“, „What Lovers Do“ и „Wait“. Реизданието на албумот вклучил ремикс верзија од „Girls Like You“ со Карди Би, која била објавена во мај 2018 година и служел како петти и последен сингл.
Во јуни 2018 година, групата во соработка со Hyundai, снимиле преработка на песната од Боб Марли „Three Little Birds“, која била објавена како промотивен сингл на Apple Music.
2019–денес: Заминување на Маден и албумот Jordi На 3 февруари 2019 година, Maroon 5 биле главни изведувачи на полувремето на „Супер боул“ во Атланта, Џорџија. Одлуката на групата била контроверзна, бидејќи други музичари, како Карди Би и Ријана, одбиле да настапат. Музичарите кои се повлекле тоа го направиле како поддршка за Колин Кеперник и другите кои протестирале против полициската бруталност и расизам. Изведбата наишла на критики од публиката и од критичарите.
На 20 септември 2019 година, Maroon 5 ја објавиле песната „Memories“. Во јуни 2020 година било објавено дека Дејвид Добкин режира документарен филм за групата.
На 27 јуни 2020 година, басистот Мики Маден бил уапсен во Лос Анџелес под обвинение за семејно насилство. По апсењето Маден зел отсуство од Maroon 5. Окружниот обвинител на Лос Анџелес го отфрлил случајот и не било покренато обвинение. По заминувањето од групата Маден бил заменет со Сем Фарар.
На 24 јули 2020 година, Maroon 5 го објавиле синглот „Nobody's Love“. На 16 декември 2020 година, Левин откри дека нивниот седми студиски албум ќе биде издаден во 2021 година. Тие го издале нивниот следен сингл, „Beautiful Mistakes“ со американската раперка Меган Ти Сталион, на 3 март 2021 година. На 29 април 2021 година, групата го најавиле седмиот студиски албум, Jordi, кој бил објавен на 11 јуни 2021 година. Сингловите „Memories“, „Nobody's Love“ и „Beautiful Mistakes“ се појавуваат на албумот. Добил мешани критики од критичарите.
Членови Сегашни членови
Адам Левин – пејач, ритам и главна гитара (1994–денес) Џеси Кармајкл – ритам гитара (1994–2001, 2006–2012, 2014–сега) , главна гитара (1994–2001) , клавијатури (2001–2012, 2014–денес) , придружни вокали 49–201 (1994–2012, 2014-денес) Џејмс Валентин – главна и ритам гитара (2001–денес) , придружен вокал (2006–денес) Мет Флин – тапани, перкусии (2006–денес; член на турнеја 2004–2006)