Мастерсот Индијан Велс 2024 бил тениски турнир на тврда подлога во машка и женска конкуренција, кој се одиграл од 6 до 17 март 2024 година во Индијан Велс, Калифорнија.BNP Paribas Open, schedule Турнирот бил класифициран како еден од турнирите од АТП Мастерс 1000 серијата во машка и ВТА 1000 серијата во женска категорија во рамките на тениската сезона 2024.

Во ова 50-то издание на турнирот во машка конкуренција, победници биле Карлос Алкарас во поединечна конкуренција и Весли Колхоф и Никола Мектиќ во двојки, додека во женска конкуренција ова било 35-тото издание на турнирот, а титулите ги освоиле Ига Швјонтек во поединечна конкуренција и Хсие Су-веи и Елизе Мертенс во двојки.

Исто така, се одржал и турнир во мешани двојки, каде најдобра била австралиската комбинација Сторм Хантер и Метју Ибден.

Победници Мажи поединечно

Карлос Алкарас го победил Данил Медведев, 7–6(7–5), 6–1

Жени поединечно

Ига Швјонтек ја победила Марија Сакари, 6–4, 6–0

Мажи двојки

Весли Колхоф / Никола Мектиќ ги победиле Марсел Гранољерс / Орасио Себаљос, 7–6(7–2), 7–6(7–4)

Жени двојки

Хсие Су-веи / Елизе Мертенс ги победиле Сторм Хантер / Катержина Синиакова, 6–3, 6–4

Мешани двојки

Сторм Хантер / Метју Ибден ги победиле Каролин Гарсија / Едуар Роже-Васлен, 6–3, 6–3BNP Paribas Open Mixed Doubles Invitational

Наводи

Надвореши врски

2024 Индијан Велс Мастерс Индијан Велс Мастерс