мини|Современо пресоздавање на англосаксонски воин од VII век Фирд (староанглиски: fyrd) — национална милиција во Англосаксонска Британија, која била војска свикана од кралот од слободните земјопоседници за заштита на територијата на земјата од надворешна агресија. Овој вид војска постоела во сите англосаксонски кралства во Англија во периодот од VI до XI век, па сѐ до Норманското освојување на Англија (1066).Stenton, F. Anglo-Saxon England. Oxford, 1973. Фирдот бил резервна војска за кралот или месните господари. Кога имало неволја, како викиншки упад, ќе го повикале фирдот за да помогне. Тоа бил начин брзо да се собере борбена сила без да се има постојана војска цело време.

Историја Фирдот се појавил за време на владеењето на англосаксонските кралеви, како што бил Алфред Велики, како децентрализирано средство за одбрана од викиншките напади и други закани. Месните господари и земјопоседници имале одговорност да се погрижат нивните заедници да обезбедат војници за фирдот кога ќе бидат повикани од кралот или нивниот господар.

Наводи

Надворешни врски

The Anglo-Saxon Fyrd c.400 - 878A.D. The Anglo-Saxon Fyrd c.878 - 1066A.D.

Категорија:Историја на Англија Категорија:Воена историја __СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__ Категорија:Средновековно војување