мини|Алберто Сорди Мафиозо „Мафиозо“ (италијански: Mafioso) — филм на режисерот Алберто Латуада (Alberto Lattuada) од 1962 година, снимен по сценариото на Рафаел Аскона (Rafael Azcona) и Бруно Карузо (Bruno Caruso). Главните улоги ги играат: Алберто Сорди (Alberto Sordi), Норма Бенгел (Norma Bengell), Габриела Конти (Gabriella Conti) и Уго Атанасио (Ugo Attanasio). Во 2008 година, фиолмот бил вклучен во списокот на 100 италијански филмови ставени под заштита на италијанското министерство за културно наследство.Mafioso, talijanski film (пристапено на 14.3.2024)
Синопсис Антонио Бадаламенти е фабрички надзорник во северна Италија кој сака ред и дисциплина. Тој ги носи жената и двете деца на Сицилија за да се запознаат со неговото семејство. И додека уживаат во одморот, Антонио полека тоне во обичаите кои ги познава од детството. Тогаш, локалниот моќник дон Винченцо и неговите луѓе бараат од Антонио една услуга...
Наводи
Категорија:Филмови на Алберто Латуада Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Италијански филмови Категорија:Филмски комедии Категорија:Филмови од 1962 година Категорија:Филмови со Алберто Сорди Категорија:Филмови со Норма Бенгел Категорија:Филмови со Уго Атанасио Категорија:Филмови со Габриела Конти Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Сицилија Категорија:Филмови за мафијата