Симеон (Симо) Д. Шишков — македонски револуционер, учесник во македонското револуционерно движење, член на Македонската револуционерна организација.
Животопис Шишков е роден во селото Горно Врбени (Екши Су), Леринско, тогаш во Османлиското Царство. Се присоединува кон ВМРО, но во 1903 г. е уапсен и затворен во Мала Азија заедно со свештеникот Георги Василев од Лерин, војводата Алеко Џорлев и Благој Симеонов од Демир Хисар.Шатев, Павел. В Македония под робство, Изд. на Отеч. фронт, София, 1983, 164.
Во Балканските војни тој е доброволец во МОО во четата на Пандил Шишков.
Во мај 1941 г. грчката администрација во Горно Врбени е заменета со општоселско собрание и е избран кмет Македонец. Во општинскиот совет влагаат Кирил Љапчев, Борис Попов, Симо Шишков, Павел Драгнев, Георги Рајков, Миро Гершанов, Михаил Хаџикиров, Благој Туранџов, Ташо Вељашков, Кирил Панчев.Даскалов, Георги. „Българите в Егейска Македония, мит или реалност“, Македонски научен институт, София, 1996, стр. 486.
Наводи
Категорија:Дејци на ВМОРО Категорија:Македонски револуционери