мини|329x329px|Плакатот на анимето на македонски јазик Сага за Винланд () — историска манга, чиј автор е Макото Јукимура. Мангата била објавена од Kodansha и првпат била серијализирана во списанието Weekly Shonen Magazine пред да се префрли во Monthly Afternoon. Од јуни 2023 г., Сагата за Винланд има 27 тома. Аниме-серија, произведена од Wit Studio, се прикажувала на NHK General TV од јули до декември 2019 г. Втората сезона, произведена од MAPPA, се прикажувала на Tokyo MX и BS11 од јануари до јуни 2023 г.
Во 2012 г., Сага за Винланд ја освоила наградата „Манга на Kodansha“. Од 2018 г., мангата е продадена во повеќе од 5 милиони примероци. Филмската адаптација била препознаена како една од најдобрите аниме-серии за 2019 г.
Содржина Оваа приказна започнува на почетокот на XI век, кога Викинзите, кои господареле со северните мориња, почнале да ја освојуваат Англија. Во епоха кога секирата била помоќен аргумент од зборот, мало момче го губи својот татко. Откако тргнува по воинствен пат, тој копнее за чесна борба со убиецот на неговиот татко. Младиот човек се приклучува на одредот на својот непријател и ги извршува најтешките задачи за него, добивајќи како награда право на двобој. Но во секој нивен двобој тој губи од искуството и возраста на противникот. Продолжувајќи го својот живот како платеник, тој несвесно станува учесник во многу посериозен светски судир. Приказната се заснова на исландските саги: „Сага за Ерик Црвениот“ и „Сага за Гренланѓаните“.
Ликови
Главни ликови Торфин (јап. トルフィン) — главниот лик во мангата, чиј прототип е Торфин Карлсефни. Неговиот татко е убиен во нечесна борба (како што самиот Торфин смета) од водачот на една од викиншките дружини, Аскелад. Торфин решава по секоја цена да се одмазди и за таа цел се приклучува кон одредот на Аскелад. Неговата горда природа не му дозволува подмолно да го убие својот непријател, затоа тој бара можности за чесен двобој, а токму со двобои Аскелад му плаќа за работата.
Торс (јап. トールズ), со прекар Јомскиот Трол — татко на Торфин. Во времето на својата младост бил еден од најдобрите воини во братството на Јомсвикинзите. Во потрага по мирен живот, тој отпловил заедно со својата жена од копното кон Исланд, каде што се и населил. Но војната го затекнала и таму. Кај него дошол гласник со наредба да се приклучи кон војската на Свен Вилобрадиот, кралот на Данска, на следната воена кампања на Викинзите против Англија. На патот кон Данска, тој застанува во еден од фјордовите на Фарските Острови, каде што се случува неговата последна битка со дружината на Аскелад, која била ангажирана од Флоки.
Аскелад (јап. アシェラッド), чие име е вдахнато од Аскеладен, норвешки фолклорен лик познат по својата снаодливост — водач на една од викиншките дружини, син на викингот Олаф и робинката Лидија. По мајчина линија е директен потомок на големиот Арториј. Не се одликува со огромна физичка моќ, но поседува искуство, ум и интуиција. Тој е еден од најинтересните ликови во мангата, кој победува со ум и со итрина. Еден од неговите психолошки трикови е да го држи Торфин во потчинетост, користејќи ја неговата жед за одмазда и вроденото сфаќање за честа на воинот. Како награда за извршувањето на најтешките задачи, Аскелад му дозволува на Торфин да се бори со него во двобој. Во душата, Аскелад ги мрази Викинзите, затоа што чува една тајна позната само нему.
Торкел (јап. トルケル) со прекар Долгиот — неговиот вистински прототип преминал на страната на Англија, разочаран од својот народ. Тој е Јомсвикинг. Се одликува со огромен раст, над 2 метри, и голема физичка сила. Тој е водач на одредот на викинзите платеници, кои за пари се борат под знамето на кралот на Англија, Етелред II. Вљубен е во битките и многу страда од недостаток на достоен противник, сѐ додека не се сретне во двобој со Торфин. Потоа, двапати се бори со него и губи два прста и едно око, иако ја покажува својата надмоќ во сила. Бил пријател, соборец и вујко на сопругата на Торс. Тој е прачичко на Торфин, на кој искрено му се восхитува.
Кнут (јап. クヌート) — лик заснован на личноста на вистинскиот крал Кнут Велики, истакнат дански владетел на Англија. Наследник е на престолот, помлад син на Свен Вилобрадиот, кралот на Данска. На почетокот се претставува како физички слаб, плашлив, срамежлив и благ, воопшто не е погоден за улогата на иден крал и е целосно зависен од својот слуга Рагнар. Торфин мора да го чува Кнут за време на Англиската кампања, иако принцот е врсник на главниот лик. Со текот на времето, Кнут многу се менува.
Второстепени ликови Илва (јап. ユルヴァ) — постарата сестра на Торфин. И покрај нејзиниот убав изглед, таа има прагматичен ум и тежок карактер. И покрај нејзиниот пол, сонува да биде Викинг и да плови по море.
Флоки (јап. フローキ) — водач на Јомсвикинзите и му се потчинува на Свен Вилобрадиот. Огромна лузна ја нагрдува десната половина од неговото лице. Тој е многу лукав човек.
Бјорн (јап. ビョルン) — десна рака и единствен пријател на Аскелад. Тој е Викинг со огромна физичка сила. Пред битките сака да јаде мувоморки, од што станува берсерк и бесно уништува сѐ што ќе му се најде на патот.
Лејф Ериксон (јап. レイフ・エリクソン) — првиот Европеец што ја посетил Америка (Винланд), стар пријател на Торс. Во сеќавањата на Торфин се појавува во ликот на старец што полека пали луле со тутун и им раскажува приказни на децата за своето патување кон запад, иако во тој миг Лејф всушност има само нешто над триесет години. По смртта на Торс, тој не престанува да го бара Торфин.
Рагнар (јап. ラグナル) — наставник и старател на принцот Кнут. Практично го заменил неговиот татко. Можеби поради неговото прекумерно старателство, принцот пораснал толку благ. Убиен е по наредба на Аскелад.
Ејнар (јап. エイナル) — побратим на Торфин, кого го запознал додека бил роб на фарма.
Кетил (јап. ケティル) — земјопоседник што ги вработувал Торфин и Ејнар. Изгледал љубезен и дарежлив, дозволувајќи им на робовите да ја купат својата слобода. По судирот со кралот Кнут, неговиот живот се влошил.
Змија (јап. スネーク) — воин што е ангажиран од Кетил како заповедник на стражарите на неговата фарма. Неговото вистинско име е Роалд.
Наводи
Надворешни врски
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Манги Категорија:Аниме-серии Категорија:Манга од 2005 година