Фаиза Дархани (родена околу 1992 година) е авганистанска екологистка, активистка за правата на жените и едукатор. Во 2021 година, таа била дел од листата на 100 жени на БиБиСи, која ги вклучувала најинспиративните и највлијателните жени во светот. Дархани е еден од ретките научници за климатските промени во Авганистан. Таа формално била директорка на Националната агенција за заштита на животната средина во провинцијата Бадакшан.

Таа присуствувала на Универзитетот во Бадакшан; проследено со студирање на Универзитетот во Путра Малезија (исто така познат и како Универзитет Путра Малезија), каде што дипломирала со магистерска диплома за пејзажна архитектура. Нејзиното истражување се фокусира на одржливото управување со урбаните предели и односот помеѓу урбаното земјоделство и безбедноста на храната. Да се издвојувате од толпата е храбра одлука. Мора да ги следите вашите соништа и да ги претворите во реалност, а мојот сон е да имам чиста и безбедна средина, без војна и секаков вид загадување. Наводи

Категорија:Живи луѓе Категорија:Климатолози