лево|мини|250x250пкс| Цртеж од 1838 година на стражари кои пушат долги чибучки лулења во турско кафе, прикажана во Патувања во Западен Кавказ од Едмунд Спенсер. Чибук (, „стап“)chibouk, Dictionary.com Unabridged (v 1.1). Random House, Inc. 2009. — релативно долга шуплива цевка за тутунско луле, често во комплет со глинена посатка украсена со скапоцени камења. Цевката на чибукот обично е во распон од 1,2 до 1,5 метри, малку повеќе дури и од цевките од западните черчворден лулиња. Иако се првенствено познати како турски лулиња, чибуците исто така се популарни во Иран.

Како и кинеските опиумски лулиња, чибуците се стари уреди за пушење и многу ретко се произведуваат во современо време. Нивната употреба во Турција и на Блискиот Исток згаснала со порастот на популарноста на наргилето и цигарите. Старите чибуци и чинии за чибуци сè уште може да се купат како антиквитети.

Слични лулиња некогаш биле користени во Северна Африка за пушење хашиш.probertencyclopaedia.com Probert Encyclopedia - Chibouk Некои специјализирани чибуци се направени да служат како долги цевки за држење цигари. Некои имаат одвоиви делови за устата што се откачуваат.

Познато е дека Енвер-паша пушел чибук,flickr.com Детаљ од фотографија 1910 CORBIS на која Енвер-паша пуши чибук како и Јаргис ел-Џухари (Моалем Гургус Кофт), коптски египетски водач избран да биде општ надгледник на целиот Египет од Наполеон во 1798 година.

Наводи

Категорија:Пушење на луле Категорија:Турцизми