Џорџ V (Џорџ Фредерик Ернест Алберт; 3 јуни 1865 - 20 јануари 1936) ― крал на Обединетото Кралство на Велика Британија и Ирска (од 1927 година Северна Ирска), крал на британските доминиони и цар на Индија, од 6 мај 1910 година до неговата смрт во 1936 година.
По неочекуваната смрт на неговиот постар брат во јануари 1892 година Џорџ станал директен наследник на британскиот престол. Следната година, Џорџ се оженил со свршеницата на неговиот брат, принцезата Викторија Мери од Тек; тие имале шест деца. По смртта на кралицата Викторија во 1901 година, таткото на Џорџ, Едвард VII, станал крал, а на Џорџ му била доделена титулата принц од Велс. Тој станал крал-цар по смртта на неговиот татко во 1910 година.
За време на владеењето на Џорџ имало големи политички превирања; Џорџ V бил сведок на подемот на: социјализмот, комунизмот, фашизмот, ирскиот републиканизам и индиското движење за независност, а сето тоа радикално го променил политичкиот пејзаж на Британската Империја. Како резултат на Првата светска војна (1914–1918), пропаднале царствата на неговите први братучеди Николај II од Русија и Вилхелм II од Германија, а Британската Империја го достигнала својот територијален врв. Во 1917 година, Џорџ станал прв монарх од Виндзорската династија, затоа што ја преименувал династијата Сакс-Когург и Гота поради антигерманското јавно расположение.
По неговата смрт во јануари 1936 година, Џорџ бил наследен од неговиот најстар син, Едвард VIII. Едвард абдицирал во декември истата година и бил наследен од неговиот помлад брат Алберт, кој го зел кралското име Џорџ VI.
Животопис Џорџ е роден на 3 јуни 1865 година во Марлборо Хаус, Лондон. Тој бил втор син на британскиот престолонаследник Алберт Едвард, принц од Велс (од 1901 година Едвард VII) и неговата сопруга Александра. Неговиот татко бил најстар син на кралицата Викторија и принцот Алберт, а неговата мајка била најстара ќерка на кралот Кристијан IX и кралицата Луиз од Данска. Бил крстен на 7 јули 1865 година во Виндзорскиот замок. алт=Boy wearing a sailor suit|лево|мини| Џорџ како младо момче, 1870 година Како помлад син на принцот од Велс, речиси никој не очекувал дека Џорџ ќе стане крал. Тој бил трет во линијата за наследување на престолот, зад неговиот татко и постариот брат, принцот Алберт Виктор. Џорџ бил 17 месеци помлад од Алберт Виктор и двата принца се школувале заедно.Ниту Алберт Виктор ниту Џорџ не се истакнале интелектуално.Clay, p. 39; Sinclair, pp. 46–47 Бидејќи нивниот татко мислел дека морнарицата е „најдобра можна обука за секое момче“,Sinclair, pp. 49–50 во септември 1877 година браќата биле пратени на обука во британската морнарица.Clay, p. 71; Rose, p. 7
Во 1879 година, принцовите биле префрлени на бродот Баханте и во следните три години ги обиколиле колониите на Британската Империја на Карибите, Јужна Африка и Австралија, а го посетиле Норфолк, како и Јужна Америка, Медитеранот, Египет и Источна Азија. Кога се вратиле во Британија, кралицата се пожалила дека нејзините внуци не знаат да зборуваат француски или германски, и затоа поминале шест месеци во Лозана во она што испаднало неуспешен обид да научат друг јазик.Clay, p. 92; Rose, pp. 15–16 По враќањето од Лозана, браќата биле раздвоени; Алберт Виктор се запишал на колеџ, а Џорџ се вратил во Кралската воена морнарица. По службата како командант на бродот <i id="mweg">Мелампус</i> во 1891-1892 година, Џорџ повеќе не бил активен во морнарицата и неговиот поморски чин бил во голема мера почесен.Sinclair, p. 69
Брак Како млад човек предодреден да служи во морнарицата, принцот Џорџ многу години поминал под команда на неговиот чичко принцот Алфред, војвода од Единбург, кој бил стациониран во Малта. Таму се заљубил во неговата братучетка принцезата Мари од Единбург. Неговата баба, татко и чичко го одобриле парот, но мајка му и мајката на Мари биле против. Принцезата од Велс сметала дека семејството е премногу прогерманско, а војвотката од Единбург не ја сакала Англија. Војвотката, единствена ќерка на Александар II од Русија, негодувала поради фактот што, како сопруга на помладиот син на британскиот суверен, таа морала да ѝ даде предност на мајката на Џорџ, чиј татко бил малолетен германски принц пред неочекувано да биде повикан на престолот на Данска. Под влијание на нејзината мајка, Мари го одбила Џорџ откако тој ја запросил. Таа се омажила за Фердинанд, престолонаследник на Романија, во 1893 година.Pope-Hennessy, pp. 250–251 десно|мини| Џорџ и Марија на денот на нивната венчавка Во ноември 1891 година, Алберт Виктор се свршил со неговата втора братучетка, принцезата Мери.Rose, pp. 22–23 Но, само шест месеци подоцна, Алберт Виктор починал од пневмонија, а неговиот помлад брат Џорџ го презел неговото место во редот за наследување на британскиот престол.Matthew, H. C. G. (September 2004; online edition May 2009), "George V (1865–1936)", Oxford Dictionary of National Biography, Oxford University Press, , retrieved 1 May 2010 (Subscription required) Кралицата Викторија сè уште ја фаворизирала принцезата Мери за своја снаа, а Џорџ и Мери се зближиле за времето кое го поминале заедно во оплакување на принцот Алберт.Pope-Hennessy, pp. 230–231 Една година по смртта, Џорџ ѝ предложил брак на Мери, а таа прифатила. Свадбата се одржала на 6 јули 1893 година. години.
Војвода од Јорк мини| Со неговите деца: Едвард, Алберт и Мери . Фотографија од неговата мајка Александра, 1899 година. На 24 мај 1892 година, кралицата Викторија го прогласила Џорџ за војвода од Јорк, гроф од Инвернес и барон од Киларни,Clay, p. 149 а тој исто така добил лекции по уставна историја од Џ.Р. Танер.Clay, p. 150; Rose, p. 35 Војводата и војвотката од Јорк потоа добиле сопствена резиденција во НорфолкПреименувана од Bachelor's Cottage и таму живееле како семејство од средна класа.Clay, p. 154; Nicolson, p. 51; Rose, p. 97 Тие имале пет сина и една ќерка.
Принц од Велс Како војвода од Јорк, Џорџ извршувал најразлични јавни должности. По смртта на кралицата Викторија на 22 јануари 1901 година, таткото на Џорџ седнал на престолот како крал Едвард VII.Rose, p. 42 Џорџ ја наследил титулата војвода од Корнвол, а во поголемиот дел од остатокот од таа година бил познат како војводата од Корнвол и Јорк.Rose, pp. 44–45
На 9 ноември 1901 година, Џорџ бил прогласен за принц од Велс и ерл од Честер. Неговиот татко сакал да го подготви за неговата идна улога како крал. За разлика од самиот Едвард, кого кралицата Викторија намерно го исклучила од државните работи, Џорџ добил пристап до државните документи од неговиот татко.Clay, p. 244; Rose, p. 52 Џорџ, од своја страна, ѝ дозволил пристап до документите на неговата сопругаRose, p. 289 затоа што тој го ценел нејзиниот совет и таа често помагала во пишувањето на неговите говори.Sinclair, p. 107 Како принц од Велс, Џорџ ги поддржал реформите во обуката на морнарицата. Реформите биле спроведени од тогашниот втор (подоцна прв) лорд на морнарицата, сер Џон Фишер.
Од ноември 1905 до март 1906 година, Џорџ и Меј биле на турнеја во Британска Индија, каде што бил згрозен од расната дискриминација и се борел за поголема вклученост на Индијците во владеењето со земјата.Rose, pp. 61–66 По турнејата речиси веднаш заминале за Шпанија за да присуствуваат на свадбата на кралот Алфонсо XIII со братучетката на Џорџ, Викторија Евгенија од Батенберг, на која невестата и младоженецот за влакно избегнаа атентат кога возачот на нивната кочија и повеќе од десетина гледачи биле убиени од бомба фрлена од анархист Матеу Морал. Една недела по враќањето во Британија, Џорџ и Меј отпатувале во Норвешка на крунисувањето на кралот Хокон VII, братучед и зет на Џорџ, и кралицата Мод, сестра на Џорџ.Rose, pp. 67–68
Владеење како крал мини|Портрет од Филдес, 1911 година На 6 Мај 1910 година Едвард VII починал, а Џорџ станал крал.
Крунисувањето на Џорџ и Мери се одржало во Вестминстерската опатија на 22 Јуни 1911 година. Во јули, кралот и кралицата ја посетиле Ирска на пет дена; тие биле срдечно пречекани од илјадници луѓе кои беа насобрани по патеката на нивната поворка. Подоцна во 1911 година, кралот и кралицата отпатуваа во Индија каде што на 12. декември 1911 година пред собраната публика од индиски достоинственици и принцови биле претставени како цар и царица на Индија. Џорџ на церемонијата ја носел новокреираната царска круна на Индија и прогласил префрлање на индискиот главен град од Калкута во Делхи.
Внатрешна политика мини|Автохром на кралот Џорџ V и кралицата Мери од Жан Дезбутен, 13 март 1914 Џорџ го наследил престолот во политички нестабилно време.Rose, p. 115 Народниот буџет од Лојд Џорџ претходната година бил отфрлен од Домот на лордовите во кој доминирале конзервативците и унионистите.Rose, pp. 112–114 По општите избори во јануари 1910 година, конзервативците дозволиле буџетот, за кој владата сега имала изборен мандат, да помине без гласање.Rose, p. 114
Асквит се обидел да ја намали моќта на лордовите преку уставни реформи, кои повторно биле блокирани од Горниот дом. По општите избори од декември 1910 година, лордовите дозволиле законот да помине откако дознале дека Домот може да се надополни со нови лордови.Rose, pp. 125–130 Со Парламентарниот закон од 1911 година трајно се исклучила (со неколку исклучоци) можноста на лордовите да ставаат вето на буџетите.
По општите избори од 1910 година либералите формирале малцинска влада која била зависна од поддршката на Ирската националистичка партија. По желба на националистите, Асквит вовел закон со кој на Ирска ѝ се дава домашно владеење, но конзервативците и унионистите се спротивставиле.Rose, p. 137 За да ја избегне можноста за граѓанска војна во Ирска меѓу унионистите и националистите, Џорџ во јули 1914 година свикал состанок на сите засегнати страни во Бакингемската палата во обид да се изнајде решение.Rose, pp. 152–153, 156–157 По четири дена конференцијата завршила без постигнат договор.Rose, p. 157 Политичките превирања во Британија и Ирска биле засенети од настаните во Европа, а прашањето за ирско домашно владеење било суспендирано за време на војната.Rose, p. 158
Прва светска војна На 4 август 1914 година, Џорџ во својот дневник напишал: „Одржав совет во 10:45 за да и објавам војна на Германија. Тоа е страшна катастрофа, но тоа не е наша вина. Nicolson, p. 247 Од 1914 до 1918 година Британија и нејзините сојузници биле во војна со Централните сили на чело со Германското Царство. Германскиот кајзер Вилхелм II, кој за британската јавност бил симбол на сите ужаси на војната, бил прв братучед на кралот. Дедо на Џорџ по таткова линија бил принцот Алберт од Саксобурготски и Гота; следствено, кралот и неговите деца ги носеле германските титули принц и принцеза од Саксобурготски и Гота и војводата и војвотка од Саксонија. Кралицата Мери, иако била родена во Англија, била ќерка на војводата од Тек, потомок на германските војводи од Виртемберг. Џорџ имал братучеди и братучетки кои биле британски поданици, но кои имале германски титули како: војвода и војвотка од Тек, принц и принцеза од Батенберг и принц и принцеза од Шлезвиг-Холштајн. Кога Х.Г. Велс напишал за британскиот „вонземски и неинспиративен двор“, Џорџ одговорил: „Можеби не сум инспиративен, но ќе бидам проклет ако сум вонземјанин“.Nicolson, p. 308
На 17 јули 1917 година, Џорџ излегол во пресрет на британските националистички чувства преку издавање кралска прокламација со која името на британската кралска династија се менува од Династија на Сакс-Кобург и Гота во Виндзорска династија. Тој и сите негови британски роднини се откажале од германските титули и усвоиле презимиња со британски призвук.Rose, pp. 174–175 алт=Two bearded men of identical height wear military dress uniforms emblazoned with medals and stand side-by-side|лево|мини| Џорџ V (десно) и неговиот братучед Николај II од Русија во германски униформи во мај 1913 година