Димитар Малиданов (, ) — македонски сликар и графичар.
Животопис Малиданов е роден на 5 декември 1946 година во воденското село Саракиново, егејскиот дел на Македонија. За време на Грчката граѓанска војна, избегал од земјата во групата таканаречени деца бегалци. Во 1972 година, тој дипломирал на отсекот сликарство на Академијата за ликовни уметности во Љубљана, кај професор Габриел Ступица. По отворањето на Факултетот за ликовни уметности при Универзитетот „Кирил и Методиј“, Малиданов почнал да предава графика на истиот. Работел на факултетот од 1981 до 2010 година, а од 2006 до 2010 година бил негов декан. Автор е на многу самостојни и учесник на многу групни изложби. За својата уметничка и педагошка дејност добитник е на многу награди, меѓу кои и на наградата „11 Октомври“.
Наводи
Категорија:Деца бегалци Категорија:Професори на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Декани на Факултетот за ликовни уметности - Скопје Категорија:Добитници на наградата „11 Октомври“ Категорија:Македонски сликари Категорија:Македонски графичари Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски декани Категорија:Југословенски сликари Категорија:Југословенски графичари Категорија:Југословенски универзитетски професори