Пежо (француски: Peugeot) — франуско претпријатие за производство на моторни возила, во сопственост на Стелантис (Stellantis). Почетоците на Пежо датираат од 1810 година, кога бил основан семејниот бизнис кој е претходник на сегашното претпријатие, поради што Пежо се смета за најстарото автомобилско претрпијатие во светот. На 20 ноември 1858 година, Емил Пежо го поднел логото со лавот за регистрација, а Арман Пежо (1849-1915) го направил првиот автомобил на Пежо — трицикл со мотор на пареа. Во 1886 година, тие се здружиле со Леон Серполе и во 1890 година направиле автомобил на погон со внатрешно согорување, кој го користел моторот на Дајмлер.Darke, Paul. "Peugeot: The Oldest of Them All", in Ward, Ian, executive editor. World of Automobiles (London: Orbis, 1974), Volume 15, p.1683.

Семејството и претпријатието Пежо потекнуваат од градот Сошо, каде и денес постои голема фабрика на Пежо, а таму се наоѓа и Музејот на Пежо. Во февруари 2014 година, акционерите го усвоиле планот за рекапитализација на Групата ПСА со кој француската влада и кинеското претпријатие Донгфенг Моторс купиле по 14 % од акциите, со што семејството Пежо ја загубило контролата врз претпријатието.

Галерија

Наводи

Категорија:Француски автопроизводители Категорија:Автомобилски претпријатија од Франција