Црница или Црници — историско село во Прилепско, денес во атарот на Степанци, Општина Чашка.
Географија Селото се наоѓало на Црничка Река, на излезот од превојот Присад на Бабуна. Лежело на патот Прилеп – Велес (денешен Р1312), јужно од Степанци. Ѝ припаѓа на областа Изворско.
Историја Во XIX век Црница било село во Прилепската Каза.
Турчинот Алија Абдулче од Црница на крајот на XIX век завладеал со подрачјето на превојот и ги тероризирал селата Степанци, Присад и Крстец. Убиен е од Глигор Соколов.
Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Црници имало 86 жители, сите Македонци христијани.
На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Црница е чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 8 куќи.
На почетокот на XX век македонскоо население на селото било под врховенството на Бугарската егзархија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев (La Macédoine et sa Population Chrétienne) во 1905 г. во Црници (Tzernitzi) имало 64 Македонци, сите под егзархијата.
Личности Починати во Црница Димко К. Чавлев (? – 1905) — четник на ВМОРО, загинал во борба со Турци кај Црница
Наводи
† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Степанци (Велешко)