Вилијам Ормстон Бакхаус (1885 - 1962) бил англиски земјоделец и генетичар и член на семејството Бакхаус од округот Дурам, од нив неколку генерации биле влијателни генетичари во развојот на хортикултурата.

Вилијам Ормстон Бекхаус работел во период од пет години во станицата за одгледување растенија во Кембриџ и Институтот Џон Инес, но ја напуштил Британија за да стане генетичар на аргентинската влада. Тој основал голем број станици за одгледување пченица во Аргентина, а потоа се преселил во Патагонија, каде што одгледувал свињи, одгледувал јаболка и друго овошје и започнал интензивно да се занимава со производство на мед. Тој подоцна се вратил во Англија и одгледувал нарциси со црвени цветови во Сатон Корт.

Наводи

Категорија:Англиски ботаничари Категорија:Починати во 1962 година Категорија:Родени во 1885 година Категорија:Генетика