Апокалипса (, буквално: Истребување) — постапокалиптичен филм на ужасите од 2015 г. на шпанскиот режисер Мигел Вивас. Главните улоги ги толкуваат Џефри Донован, Метју Фокс и Квин Маколган. Еден од продуцентите бил режисерот Жауме Колет-Сера. Содржина Поминуваат девет години од епидемијата што го уништила речиси целото население на Земјата. Заплетот се сосредоточува на тројца луѓе што живеат во напуштениот американски град Хармони. Џек и Патрик некогаш биле најдобри пријатели, но по смртта на сопругата на Џек, сега се избегнуваат еден со друг. Џек ѝ забранува на својата ќерка да општи со соседот, но Лу, откако се заинтересирува за кучето на Патрик, можеби ќе може да го скрши мразот меѓу старите пријатели. Тие сепак ќе мораат да се обединат, бидејќи во Хармони се појавуваат крвожедни мутанти.
Улоги
|Метју Фокс |Патрик |- |Џефри Донован |Џек |- |Квин Маколган |Лу |- |Валерија Веро |Ема |- |Алекс Хафнер |Левински |- |Клара Лаго |Ен
Наводи
Надворешни врски
Матична страница
__СОСОДРЖИНА__ __ИНДЕКС__
Категорија:Филмови од 2015 година Категорија:Филмови Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови на шпански јазик