Саракина () — поранешно македонско село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.

Географија Селото се наоѓало во денешниот атар на селото Горенци.

Историја Се смета дека селото е напуштено во немирното време на почетокот на втората половина на XVIII век, при судирот на Али-паша Јанински и други албански феудалци со централната власт. Жителите на селото заедно со оние на Цакони и Л’нтово се преселиле во Горенци, кое наводно, според преданието, го нарекле така во спомен на нивните изгорени села.

Наводи

Категорија:Историски села во Костур Категорија:Корешта