Chicago ― американска рок-група основана во Chicago во 1967 година. Името на групата во 1968 година било Chicago Transit Authority (по градската агенција за масовен транзит), а во 1969 година го скратила името. Иако се сметаат за „рокенрол група со рогови“ нивните песни честопати содржат и елементи на класична музика, џез, R&B и поп-музика.

Во состав на групата биле: Питер Сетера на бас, Тери Кет на гитара, Роберт Лам на клавијатури, Ли Лофнејн на труба, Џејмс Панкоу на тромбон, Волтер Паразајдер на дрвени дувачки инструменти и Дени Серафин на тапани.

Во септември 2008 година, за успехот на топ-листите за синглови Hot 100, Billboard ја ставил групата Chicago на тринаесеттото место на нивниот список од 100 најдобри изведувачи на сите времиња, а во октомври 2015 година била рангирана на петнаесетото место на истиот список. Во октомври 2015 година, Билборд, исто така ја рангирал групата Chicago на деветтото место на списокот од 100 најдобри изведувачи на сите времиња според нивниот севкупен пласман на топ-листата за албуми, Билборд 200 Chicago е една од најдолговечните и најуспешните рок-групи и со продадени преку 100 милиони плочи, таа е една од групите со најмногу продадени музички записи на сите времиња. Во 1971 година, Chicago станал прв рок-изведувач кој една недела ја распродал Карнеги Хол. Chicago се смета и за пионер во маркетингот на рок-музиката, со препознатливо лого на кориците на албумите и именување на нивните албуми со користење на римски бројки.

Според успехот на топ-листите, Chicago е една од најуспешните американски групи во историјата на RIAA и Billboard (само зад Beach Boys), и е една од најуспешните изведувачи на поп-музика на сите времиња.Ruhlmann, William. "Chicago: Biography & History". AllMusic. Archived from the original on October 29, 2018. Retrieved October 29, 2018. До денес, Chicago продале над 40 милиони примероци во САД, и имаат 23 златни, 18 платинести и осум мултиплатинумски албуми. Имале пет последователни албуми на прво место на Билборд 200, 20 топ-десет синглови на Билборд Хот 100, а во 1974 година групата имала седум албуми истовремено (сета нејзина дискографија во тоа време) на Билборд 200. Групата десетпати била номинирана за Греми награда, а добила една за песната „If You Leave Me Now“. Првиот албум на групата, Chicago Transit Authority, објавен во 1969 година, во 2014 година бил примен во Гремиевата куќа на славата. Оригиналната постава на Chicago во 2016 година била примена во Куќата на славата на рокенролот. Во 2017 година, Сетера, Лам и Панков биле примени во Куќата на славата на текстописците. Групата Chicago добила Греми награда за животно дело на 16 октомври 2020 година. Наводи

Категорија:Добитници на Греми за животно дело Категорија:Добитници на Греми Категорија:Американски рок-групи Категорија:Американски џез-рок музички групи Категорија:Септети Категорија:Американски софт-рок музички групи Категорија:Музички групи основани во 1967 година Категорија:Музички групи од Чикаго Категорија:Октети Категорија:Нонети Категорија:Матични мрежни места што не е исти на Википодатоците и на Википедија