Кавадаречки Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.
Организација и население Кралство Србија По припојувањето на овој дел кон Кралството Србија, бил формиран Неготински Срез, каде што припаѓале и кавадаречките села. Посебно бил издвоен градот Кавадарци со 5.861 жител. Набргу по Втората балканска војна, бил формиран посебен Кавадаречки Срез, независен од Неготинскиот.
Кралство СХС Во 1921 година, срезот имал 13 општини и еден град. Градот Кавадарци имал 5.522 жители, а кавадаречката околина имала 19.629 жители.
Јазик Во градот Кацадарци 84% од населението говорело српски или хрватски, додека 15% говореле на турски јазик. Од другата страна пак, во кавадаречката околина 89% говореле на српски или хрватски, а втор најкористен јазик бил турскиот (10%). +Јазици 1921 годинаЈазикКавадаречка околинаГрад КавадарциВкупно%Српски или хрватски1752046712219188.23Турски2088827291511.58Други2124450.19
Религија Во градот Кавадарци 59% од населението било православно, додека 43% биле муслимани. Од другата страна пак, во кавадаречката околина 73% биле православни, а 23% биле муслимани.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf +Религија 1921 годинаРелигијаКавадаречка околинаГрад КавадарциВкупно%Православни1444631391758569.91Муслимани51822368755030.01Други115160.08
Кралство Југославија Во 1931 година, Кавадаречкиот Срез имал 10 општини и еден град. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Вкупното градско население било 5.504, додека селското население било 18.415. Целиот срез имал 23.919 жители. Како православни се изјасниле 92% од жителите, додека како муслимани 7%.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
96% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, додека 3% збореле на друг јазик (во најголем дел турски).
Во ФНРЈ По Втората светска војна, Кавадаречкиот Срез преминува во Кавадаречка Околија.
Наводи
Категорија:Тиквешки Округ Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Кавадарци