мини|352x352пкс| Дојрански Срез во рамките на Кралството Србија 1913. Дојрански Срез, првично именуван Валандовски Срез — административна единица, која опстојувала во Кралството Србија и Кралството Југославија.
Организација и население Кралство Србија На 25 октомври (стар стил)/7 ноември (нов стил) 1913 година, Валандовскиот Срез бил преименуван во Дојрански Срез.
По Втората балканска војна, 1913 г. областа службено влегува во границите на Србија. Дојранскиот Срез припаѓал на Тиквешкиот Округ, заедно со Неготинскиот и Гевгелискиот Срез, а подоцна и Кавадаречкиот и Струмичкиот Срез. Како центар на срезот бил градот Дојран. Во 1913 година тој имал 6 општини, со 50 села и два града. Градското населние изнесувало 5.019, додека селското население изнесувало 14.638 жители. +Дојранскиот Срез според пописот од 1913 годинаБројИме на општинатаБрој на селаКолку часови е оддалечена општината од ДојранЖители1Аразлијска7821512Башабосичка10524013Валандовска174:3058984Дојранска3045335Калуцковска66:3024166Фурска92:302258
Кралство СХС Во 1921 година, срезот имал 4 општини и два града, но овој пат градот Дојран бил сосема уништен од Првата светска војна. Целиот срез имал вкупно 8.667 жители, односно се намалил за скоро 11.000 жители.
Јазик Во Дојранскиот Срез, 46% од населението говорело на српски или хрватски, додека 50% говореле на турски јазик. ОпштинаСрпски или хрватскиТурскиДругиВкупноАразли452610821144Башабос59188501944Валандово24101661424113Фурка10522112031466Вкупно397343673278667%45,84%50,38%3,78%100%
Религија Во Дојранскиот Срез, 49% од населението било православно, додека 50% биле муслимани.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf ОпштинаПравославниМуслиманиДругиВкупноАразли52661081144Башабос58188601944Валандово2452166104113Фурка125221131466Вкупно42884368118667%49.47%50.39%0.14%100%
Кралство Југославија Во 1931 година, Дојранскиот Срез имал 3 општини. Тој бил дел од Вардарска Бановина. Целиот срез имал 11.713 жители. Како православни се изјасниле 55% од жителите, додека како муслимани 44%.http://pod2.stat.gov.rs/ObjavljenePublikacije/G1931/pdf/G19314001.pdf
53% од жителите говореле на македонски, српски, хрватски или словенечки, додека 47% збореле на друг јазик (во најголем дел турски).
Во ФНРЈ По Втората светска војна, Дојранскиот Срез преминува во Валандовска Околија.
Наводи
Категорија:Тиквешки Округ Категорија:Срезови во Кралството Југославија Категорија:Македонија под српска власт Категорија:Дојран