Старово Село — поранешно село во Костурско, Егејска Македонија, на територијата на денешната општина Костур во областа Западна Македонија, Грција.
Географија Селото се наоѓало југоисточно од Косинец и југозападно од Д’мбени.
Историја Старово Село било мало македонско село кое се распаднало во конфликтните години по времето на управувањето на Али-паша Јанински во XVIII век. Неговите жители се преселиле во Косинец.
Наводи
Категорија:Историски села во Костур