Шамли (, Самли) — поранешно село во Солунско, Егејска Македонија, денес во општината Делта на Солунскиот Округ во областа Централна Македонија. Било населено исклучиво со Македонци.

Географија Шамли се наоѓало во Солунското Поле во областа Вардарија, северно од Текелиево, источно од Ингилизово и северозападно од Трите Ана.

Историја На крајот од XIX век Шамли било мало македонско село во Солунската Каза, едно од 47-те во состав на Камбаниската епископија.

Во „Етнографија на вилаетите Адријанопол, Монастир и Салоника“ се вели дека во 1873 г. Шамли (Chamlié) имало 10 домаќинства сочинети од 48 Македонци. Името веројатно му е поврзано со солунския субаша Шамли Али-бег. Истиот податок за бројот на куќите го дава и Боривое Милоевиќ („Јужна Македонија“). Според него, куќите биле растурени во 1888 г. поради поплавувањето на реката Галик. Во 1905 г. е забележано дека Шамли има 4 куќи, но дека е речиси сосем напуштено.

Топонимот останува до денес бидејќи се наоѓа на раскрсницата на патиштата Трите Ана - Ингилизово и Бугариево - Текелиево.

Наводи

Категорија:Историски села во Делта