КК Апоел () е кипарски кошаркарски клуб од Никозија. Во сезоната 2014/15 година се натпреварувал во Првата дивизија на Кипар.
Историја Клубот е основан во 1926 година, но кошаркарскиот клуб бил формиран дури во 1947 година. Клубот е втор најтрофејен тим на кипарскиот шампионат со 11 освоени титули. 11 пати бил освојувач на националниот куп, што го прави најуспешен на овој куп.
Најголем успех во европските натпреварувања се смета четвртфиналето на ФИБА Еуро Чаленџ (анг: FIBA EuroChallenge) во сезоната 2009/10.
Успеси
национално
Шампионат на Кипар: Првак (11): 1976, 1979, 1981, 1995, 1996, 1998, 1999, 2002, 2009, 2010, 2014 година. Куп на Кипар: Победник (12): 1973, 1979, 1984, 1986, 1991, 1993, 1994, 1995, 1996, 2001, 2003, 2016 година. Суперкуп на Кипар: Победник (9): 1986, 1994, 1995, 1996, 1998, 2001, 2002, 2010, 2014 година.
Познати играчи
Андреас Глинијадакис Милан Дозет Мирко Ковач
Надворешни врски
Официјален сајт на клубот
Категорија:Кошарката во Кипар