Света Богородица Влахернска () — византиска црква во Белград, Албанија. Името го добила по познатата црква Света Марија Влахернска, во близина на палатата Влахерна во Цариград. Се верува дека црквата била изградена врз темелите на руинирана црква од 5 век која постоела на истото место. Црквата се смета за еден од најважните историски и архитектонски споменици во Белград и е една од главните туристички атракции во Белград и Албанија.

Црквата датира главно од 13 век и содржи импресивни фрески и икони на нејзините внатрешни ѕидови и под од 16 век. Сликите кои потекнуваат од 16 век најчесто ги изработил Николас Онуфри, син на попознатиот Онуфри.

Црквата има правоаголна припрата.

Поврзано

Култура на Албанија

Наводи

Категорија:Православни цркви во Албанија Категорија:Споменици на културата во Албанија