мини|276x276пкс| Местоположба на маалата во рамките на Скопје во 1899 година. Џедид Иса-Бег со шеик Рамазан (турски: Cedid İsâ Bey - Şeyh Ramazan) — стари скопски маала. Станува збор за маалата Џедид Иса-Бег и Шеик Рамазан, кои османлиската администрација ги водела како една единица.

Местоположба Маалата се протегале северно од „Пластичарска”. На југ било маалото Ибни Омер, на север маалото Топхане, а на исток маалото Хазендар Исмаил. Од плоштадот Македонија биле оддалечени 1300 метри североно.

Историја Според опширните османлиски дефтери за населението на Скопската Каза од 1832/33 година, маалата биле муслимански, со 52 муслимански домаќинства. На овој попис биле забележани 92 мажи муслимани, со 18 новороденчиња. Исто така имало и 37 мажи муслимани коишто скоро се доселиле. Тука живееле и само 6 христијански домаќинства, со 8 мажи христијани, без новороденчиња. Се проценува дека двете маала заедно во тој период имале 310 жители.

Сегашност Денес тука се наоѓа џамијата „Иса Бег”. Целата околина и денес е под куќи, а улиците коишто се наоѓаат тука се наречени „Кримска” , „Исмаил Кадаре” и „7 Јули”.

Наводи

Категорија:Стари скопски маала