1865  Во театарот „Форд“ во Вашингтон, Џон Вилкс Бут го застрелал претседателот на САД Абрахам Линколн. 1894  Во Њујорк е претставен кинетоскопот на Едисон, апарат за гледање на подвижни слики — претходник на филмот. 1912  Британскиот патнички пароброд „Титаник“ на своето прво патување преку Атлантикот кон Њујорк, удрил во санта мраз во Северниот Атлантик и потонал следното утро при што загинале 1503 луѓе. 1915  Турција извршила инвазија на Ерменија. Политичките обвинувања за тоа дека Турција извршила геноцид врз десетици илјади лица во Ерменија постојат и денес. 1941  Усташите се задолжени за управувањето со Независната Држава Хрватска од Силите на оската по инвазијата врз Југославија од 6 април истата година. 1992  Во гарнизонот во Охрид пристигнал првиот регрут на Армијата на Република Македонија. 1994  Цариниците во Република Македонија за првпат го одбележаа својот празник — Ден на Царинската служба на Република Македонија. 1995  Република Македонија и Големата Социјалистичка Либиска Народна Џамахирија воспоставиле дипломатски односи. 14 април