Орашачки даб — даб од видот на благуни () којшто се наоѓа во дворот на црквата „Св. Илија“ во кумановското село Орашац.
Со закон, дрвото е заштитено како споменик на природата од 1967 година.
Местоположба
Дабот се наоѓа надвор од селото Орашац, но во неговиот атар. Тој е веднаш во непосредна близина на селската црква „Св. Илија“ и до него се стигнува преку земјен пат, кој се исклучува од регионалниот пат Куманово-Свети Николе, така што наместо десно по асфалтниот пат за селото Орашац, ќе се исклучите лево.
Природни особености и околина
Стеблото е високо преку 20 метри, со преку обем од 6 метри, и распон на гранки од преку 20 метри.
Подрачјето каде се наоѓа овој даб, заедно со други дабови, се наоѓа на надморска височина од 325 метри, на површина од 0,1 километар квадратен и е заштитено уште од 1967 година. Припаѓа на континенталниот биогеографски регион. Дабовото стебло се одликува со значајни живеалишни особини и добра физиолошка состојба.
Поврзано Црква „Св. Илија“ - Орашац Орашац
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Орашац Категорија:Споменици на природата на Македонија Категорија:Поединечни дрва во Македонија