Коста Чохаџиќ ( во — во ) — македонски гинеколог-акушер.

Чохаџиќ е заслужен за отворањето на првиот Гинеколошко-акушерски санаториум во Македонија.

Животопис

По потекло од Гевгелија, дипломирал на Медицинскиот факултет во Париз во 1910 година. Следната година се вратил во Македонија и работел како лекар во Гевгелија, Радовиш и Скопје.

Во 1921 година е назначен за шеф на Гинеколошкото одделение при Државната болница во Скопје.

Во 1931 година отворил Гинеколошко-акушерски санаториум во Скопје, прв од таков вид во Македонија. Во Санаториумот се вршеле не само породувања, туку и гинеколошко-хируршки интервенции. Санаториумот работел до 1941 година.

Наводи

Категорија:Македонски гинеколози Категорија:Македонски лекари Категорија:Македонски акушери Категорија:Градоначалници на Град Скопје