Сливо Поле () — град во Североисточна Бугарија, административен центар на Општина Сливо Поле во Русенската Област. Има население од околу 3.323 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Сливо Поле се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина само на 5 километри од реката Дунав. Градот се наоѓа на 21 километри североисточнп од регионалниот центар Русе и на 346 километри од главниот град Софија.

Историја Во 1952 година се пронајдени траги од тракиска античка населба при копање на каналите за систем за наводнување на 2 километри североисточно од денешната местоположба на населбата.

Во 1656 година, Сливо Поле се споменува под името Сливолик, во Русенскиот Вилает.Е. Грозданова. „Българската народност през 17 век“ На почетокот на XIX век, по епидемија на чума, неговите жители се населиле на денешното место и новата населба се викала Ќоселер Махале. По завршувањето на Кримската војна, во селото се населиле Кримските Татари, а по 1863 година се населиле и Бугари од градот Русе и Романија. Во тоа време селото почнало да се вика Бујук Ислепол, а подоцна станало само Ислепол и Слепово. Во 1912 година селото бил преименуван во Сливо Поле.

На 18 мај 2011 година селото Сливо Поле било прогласено за град.Решение № 782 на Министерски Съвет от 18.05.2011 г.

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Сливо Поле

Категорија:Населени места во областа Русе Категорија:Градови во Бугарија