Бòрово () — гратче во Североисточна Бугарија, административен центар на општината Борово во Русенската Област. Има население од околу 1.992 жители (2022).Таблица на адресно регистрираните по постоянен и по настоящ адрес лица oт дата 15.06.2022 г.

Географија и местоположба Борово се наоѓа во североисточниот дел на Дунавската Рамнина. Гратчето се наоѓа на 50 километри југозападно од регионалниот центар Русе и на 6 километри од Бјала.

Историја Во земјиштето на градот Борово се пронајдени исклучителни предмети од сребрено тракиско богатство, познато како „Боровско богатство“ и тракиска гробница од IV век п.н.е. Помеѓу селата Батин и Горно Абланово, се пронајдени докази за постоење на стар римски пат.

Првите информации за селото потекнуваат од 1657 година, кога се споменува под името Чифлик манастир. Во наредните години се викало Горна Манастирица или Горно Манастирци. Со Указ бр.1273 од 4 септември 1948 година, селото Горазд било избришано и припоено како јужна населба на селото Горна Манастирица. Со Указ бр.79 од 11 февруари 1958 година селото Горна Манастирица било преименувано во село Борово, кое добило статус на град во 1984 година.Указ № 2907 от 5 септември 1984 г. Обн. ДВ. бр. 71 от 7 септември 1984 г.

Поврзано Боровско богатство

Наводи

Надворешни врски Мрежно место на Општина Борово

Категорија:Населени места во областа Русе Категорија:Градови во Бугарија