Гранада () — покраина во источниот дел на автономната заедница Андалусија, јужна Шпанија. Се граничи со покраините Албасете, Мурсија, Алмерија, Хаен, Кордоба, Малага и Средоземното Море. Главен град е Гранада.
Покраината зафаќа површина од . Населението брои 921.338 жители (2021), од кои 30 % живеат во главнио град. Се состои од 170 општини.
Географија Во Гранада се наоѓа највисоката планина на Пиринејскиот Полуостров — Муласен, висока 3.479 м. Други планини со слична висина се Велета (3.396 м) и Алкасаба (3.371 м).
Реката Хенил, која извира во Гранада, е една од главните притоки на Гвадалкивир. Други поважни реки се Фардес, Моначил, Гвадалфео, Дилар, Исбор, Верде и Даро.
Во покраината се наоѓа националниот парк „Сиера Невада“ (на истоимениот планински венец) кој таа го дели со Алмерија. Друг поголем венец е Сиера де Баса.
На северот на покраината се простира Гранадската Висорамнина (Altiplano Granadino) на која се сместени градот Баса и паланката Уескар.
Знаменитости
Најзначајна знаменитост на Гранада е дворецот Алхамбра, прогласена за светско наследство. Таа е извонреден пример на архитектурата од маварското владеење на ова подрачје кое траело од 711 до 1492 г.
Забележителни катедрали има во Гранада и Гвадикс.
Кралската капела во Гранада е гробница на кастиљската кралица Изабела I (1451–1504) и арагонскиот крал Фердинанд II (1452–1516); тука се погребани и нивната ќерка Јована I Кастиљска (1479-1555) и нејзиниот сопруг Филип Убавиот (69-70).
Стопанство Најважни стопански гранки во покраината се туризмот, земјоделството и рибарството. Порано градежништвото било многу крупна гранка, но тоа значително опаднало со финансиската криза од 2008–2014 г. Застапен е и биотехнолошкиот сектор.
Туризам Крајбрежјето на покраината е познато како Тропски Брег (Costa Tropical) и привлекува голем број домашни и странски туристи. Главни летувалишта се Алмуњекар, Салобрења и Ла Ерадура. Градот Гранада е особено привлечен за посетителите поради неговата маварска архитектура и славниот дворец Алхамбра. На планините Сиера Невада е развиен зимскиот туризам, каде се наоѓа најјужниот скијачки центар во Европа. Популарност уживаат планинарството и екотуризмот на места како Алпухарите и Лекринската Долина.
Значаен работодавач во покраината Гранада е млечната индустрија, особено производството на млеко, млечни напитоци и формули за доенчиња.
Образование Гранадскиот универзитет е еден од најголемите во Шпанија со околу 56.000 студенти. Секоја година во градот доаѓаат 10.000 странски студенти. Универзитетот игра улога како работодавач, но и ја поттикнува месната економија поради побарувачката на станови под наем, промет во продавниците, рестораните и ноќните клубови.
Развој на населението Ова е населението на покраината низ годините:
Поврзано Список на општини во Гранада Гранадски Емират
Наводи
Надворешни врски
Службен портал на покраината Гранада Природен парк „Сиера Невада“ Природен парк „Сиера де Баса“ Природен парк „Сиера де Кастрил“ Природен парк „Сиера де Уетор“ Природно место „Карпи во Маро“ - Серо Гордо