Сеговија () — покраина во јужниот дел на автономната заедница Кастиља и Леон, средно-северна Шпанија. Се граничи со покраните Бургос на север, Сорија на североисток, Гвадалахара на исток, Мадрид на југ, Авила на запад и југозапад и Ваљадолид на северозапад. Главен град е Сеговија.
Преглед
Во 2022 г. населението броело 153.803 жители, од кои една третина живеат во главниот град. Од вкупно 209 општини во покраината,Список на општини на покраинскиот портал повеќе од половина се села со помалку од 200 жители.
Се смта дека името Сеговија е од келтиберско потекло, но исто така се смета дека произлегува од освојувањето на Кастиља од Визиготите, скандинавско / германско племе кое живеело на ова подрачје од IV до VI век. Историското наследство на покраината е богато и разновидно. Во главниот град се наоѓа 800-метарскиот римски аквадукт, кој е од посебно значење. Целиот град е прогласен за светско наследство во 1985 г. Селата Сепулведа, Ајљон, Педраса, Кока и Ла Гранха де Сан Илдефонсо привлекуваат голем број туристи. Во Ла Гранха има државен споменик на културата — Кралскиот дворец. Во Ајљон е куќата на истакнатиот поет Антонио Мачадо. Туризмот е една од главните стопански гранки. Од големо значење е и земјоделството. Најважни житарки во минатото биле пченицата, јачменот, ’ржта и оризот. Во XVII век житното производство опаднало во многу места. Развиено е и сточарството.
Развој на населението The historical population is given in the following chart:
Поврзано Список на општини во Сеговија
Наводи
Надворешни врски
Службен портал на Сеговија
Категорија:Покраини во Кастиља и Леон