Велимир Ј. Костовски (Девич, 23 октомври 1922 – Битола, 1984) ― македонски-југословенски географ.
Живот и дејност
Гимназија завршил во Прилеп. Дипломирал на скопскиот Филозофски факултет, на Природно-математичкиот отсек, во групата географија во 1950 година, како студент на првата генерација. Потоа до 1954 година, работел како професор по географија во Велес а потоа во Битола (1954/55-1963/64), Во периодот од 1958/59 година, бил назначен за околиски просветен инспектор по предметна настава. Учествувал во образувањето на Географската секција во Битола во 1956 година, и бил прв нејзин претседател. Се занимавал и со метеорологија, спелеологија и астрономија. Од 1964 година, до неговата смрт, бил професор на Педагошката академија. Напишал околу дваесетина трудови, 4 учебници и читанки по географија за VI и VII одделение и I за II година гимназија. Бил еден од иницијаторите за создавање на Друштвото за наука и уметност во Битола (ДНУБ) и бил негов активен член. Работел на докторска дисертација за областа Демир Хисар, но прераната смрт на 22 јануари 1984 година, го спречило да ја оствари неговата животна желба.
Поврзано
Томе Андоновски Драган Василески Миливој Гашевски Васил Граматниковски Васа Даскаловски Никола Димитров Мирјана Ѓорѓиева Михаило Зиков Димитар Јаранов Петар С. Јовановиќ Тодор Кондев Душан Манаковиќ
Благоја Маркоски Љубе Миленковски Гиго Милески Иван Несторовски Милош Павловиќ Митко Панов Никола Панов Јордан Пенџерковски Ѓорче Петров Илија Петрушевски Митко Поптрандовски Војислав Радовановиќ
Бранислав Русиќ Аслан Селмани Јаким Синадиновски Станко Станковски Часлав Стојадиновиќ Милорад Стојановиќ Александар Стојмилов Владимир Точковски Јован Трифуноски Атанасие Урошевиќ Јован Цвииќ Димитрија Чуповски
Наводи
Категорија:Родени во 1922 година Категорија:Луѓе од Девич Категорија:Починати во 1984 година Категорија:Починати во Битола Категорија:Македонски географи Категорија:Југословенски географи Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Македонски учебникари Категорија:Македонски средношколски професори Категорија:Македонски метеролози Категорија:Македонски спелеолози Категорија:Македонски астрономи Категорија:Југословенски метеролози Категорија:Југословенски спелеолози Категорија:Југословенски астрономи