Амбазонија, официјално: Сојузна Република Амбазонија или Држава Амбазонија - политички ентитет  прогласен од англофонските сепаратисти кои бараат независност од Камерун. Сепаратистите тврдат дека Амбазонија треба да се состои од северозападниот регион и југозападниот регион на Камерун. Од 2017 година, амбазонските бунтовници се во вооружен конфликт со камерунската војска, во она што е познато како англофонска криза, формирајќи влада во егзил и заземајќи одредена територија. Ниту една земја не го признала постоењето на Амбазонија. Категорија:Непризнаени држави и територии