Говорот на Турците од Кумановско е дијалект на турскиот јазик кој се зборува во Куманово и неговата околина. Дијалектот спаѓа во групата на северните турски говори во Македонија. Дијалектот е признат како културно нематеријално наследство на Република Македонија од категоријата на „особено значење“ и поткатегоријата „исклучително значење“. Според податокот на УЗКН, доброто е заведено под број 3.2.4.3.1.2. во националната класификација на културното наследство.Говорот на Турците во Македонија, Управа за заштита на културното наследство.

Потекло Кумановскиот турски говор, впрочем како и сите други турски говори во Р Македонија потекнуваат од јазикот на турското население кое заедно со проширувањето на Османската Империја се населува на овие краишта.

Опис на доброто Говорот на турците од кумановскиот регион спаѓа во северните турски говори во Република Македонија. Во формирањето на северните, па може да се каже и на другите говори големо значење има местото и положбата на овој регион. Овие фактори придонесоа за развојот на турскиот говор не само во кумановскиот регион, туку и пошироко, кои со своите јазични карактеристики имаат доста заеднички особености со западнорумелиските турски говори.

Општината Куманово е доста широк регион каде живеат покрај македонскиот народ, голем број припадници на албаската етничка заедница, а во помал број припадници на турската етничка заедница кои се претежно во градот Куманово. Почнувајќи од 1953 година припадниците на турската националност кои беа во поголем број поради разни причини (политички, социјални, верси и др) започнаа да се селат како во матичната така и во некои европски земји. Но за жал оваа селидба се уште трае, така да и тој мал број говорители уште повеќе се намалува. Поради немање образование на мајчин јазик и воопшто никаква културна активност нивното меѓусебно комуницирање е сведен на минимум. Кумановскиот турски говор во себе содржи повеќе фонетски и граматичко-структурни црти. Ќе наброиме неколку поединечни црти од различни јазични нивоа.

-Во кумановскиот турски говор се среќаваат скоро сите исти букви-фонеми кој се опфатени во турската азбука на современиот турски јазик. Обично се јавуваат вокалите: a, e, ı, i, u, ü, o, ö; консонантите: b, c, ç, d, g, ğ, h, j, k, k’, l, l’, m, n, r, s, ş, t, v, y, z, и ts.

- Од областа на вокализмот треба да се нагласи дека во кумановскиот турски говор покрај активните вокали присутен е и мекиот алафон (ã) кој зазема место меѓу зборовите од арапско потекло: dikat<dikkatli, arf<harfler...

- Во артикулацијата се забележуваат и уште долгите вокали â, û, î кои имаат посебна карактеристика како во северозападните така и во југоисточните градови каде што живее турско население.

-Во кумановскиот турски говор вокалите кои често го отстапуваат своето место на сличните вокали најкарактеристичен е тврдиот рамен вокал “ı”: ı>i: kızi<kızı, kitabi<kitabı, yazi<yazı, sari<sarı, ayi<ayı, doli<dolu и др.

ö>o: dort<dört....

ö>ü: ürdek<ördek, ügren<öğren....

-Од боласта на консонантизмот како покарактеристичните особености на кумановскиот турски говор се издвојуваат:

-Во некои зборови а/е варијантни понекогаш наместо меки доаѓаат тврди и наместо тврди доаѓаат меки вокали:

la>le: onunle<onunla, suyle<suyla

ğ>g: agaç<ağaç, bag<bağ

-Испаѓање на консонанти:

h>Ø: ava<hava, izmetçi<hizmetçi, meşur<meşhur, saba<sabah

y>Ø: ilan<yılan

-Во зборовите од туѓо потекло во средината на зборот може да дојде два исти консонанти еден до друг. Во кумановскиот турски говор се забележува испаѓање на следните консонанти:

kk>k: dikat<dikkat

vv>v: evel<evvel, kuvet<kuvvet

nn>n: ane<anne, zinet<zinnet, sünet<sünnet

ll>l: mualim<muallim

ff>f: afet<affet

Посебни карактеристики Кумановскиот турски говор се разликува од останатите турски говори, како и оние карактеристики што меѓусебно се диференцираат:

Посебни карактеристики на вокалите

-На следниот збор доаѓа долгиот вокал ā, меѓутоа се изговара како кратко а: mavi<māvi

i>e: eyi<iyi, bare<bari

e>i: gice<gece, it<et, yi<ye

ı>i: açik<açık, biçki<bıçkı, çiban<çıban, çik<çık, çirak<çırak

o>u: buzuk<bozuk, turun<torun

u>o: bogday<buğday, ograş<uğraş

ö>ü: bübreg<böbrek, bücek<böcek, çümlek<çömlek

a>o: popas<papaz

ı>u: bakçuvan<bahçıvan, fursat<fırsat

Асимилација

a-e>aa: karanca<karınca

i-a>i-e: kires<kiraz

ü-e>ü-ü: ütüden-üteden<öteden

h>f: sarfoş<sarhoş

h>v: arzuval<arzuhal

k>h: haçan<kaçan

r>l: bülgi<bürgü

gç>kç: bakçe<bahçe(bagçe)

kç>çç: aççe<akçe

tç>çç: içmeçci<hizmetçi

-Озвучување на консонантите p, ç, t, k на b, c, d, g:

k>g: cocug(u)<çocuk

p>b: dolab(ı) <dolap

ç>c: agac-ı<ağacı

t>d: bed<bet

s>z: abdez<abdes

Посебни карактеристики на вокалите Појава на хијата

aya>aa: buraa<buraya

eye>ee: deecek<deyecek

üyü>üü: büüecek<büyüyecek

Појава на дифтонзи

ey>e: serek<seyrek

ey>i: tize<teyze

iy>i: gidir<giydir

öy>ü: büle büle<böyle böyle, üle üle <öyle öyle, süle<söyle

Особености на суфиксите за припадност

Ако зборот завршува на вокал суфиксите за припадност ќе бидат:

-m, -n, -i, -miz, -niz, lari

baba-m, baba-n

-sı>si: babasi<babası

-si>ı: teyzesı<teyzesi

-mız>miz: babamiz<babamız

-nız>niz: babaniz<babanız

-lari>ları: babalari<babaları

Ако зборот завршува на консонант:

-im>ım: evım<evim, elım<elim

-in>ın: elınız<eliniz

Падежни наставки

номинативна форма

Кај зборовите кои завршуваат на вокал:

генитив: -nın>nin:baba-nin<baba-nın, oda-nin<odanın

датив: (y)a>(y)e: baba-ya, dedeye

акузатив:(y)ı>(y)i: oda-yi<oda-yı

локатив: da>da: ovada, tarlada

de>de: evde, kalede

аблатив: dan>dan: odadan, babadan

den>den: anneden, nineden

Кај зборовите кои завршуваат на консонант

генитив: in>ın: el-ın<elin

датив: е>е: eve

a>a: okula

акузатив: ı>i: saçi<saçı

локатив: da>da: dağda, sandıkta, ağaçta, sokakta

de>de: evde, senede, çiçekte

аблатив: den>den: evden, iğneden, sevgiden

dan>dan: sokaktan, taştan, yoldan

Конјугација на глаголите

Сегашно трајно време –r (ır, ir, ur, ür, er):

ö>ü: gür-ür-üm<görürüm, düner-sın<dönersin, gür-ür<görür, gürürüs<görürüz, gürür-sınız<görürsünüz, gürürler<görürler

Сегашно време (презент): Ова време се гради со наставката –yor, која во кумановскиот турски говор се скратува на “y”: yaza-yım<yazıyorum, yaza-ysin<yazıyorsun, yazay<yazıyor, yaza-yis<yazıyoruz, yaza-ysiniz<yazıyorsunuz, yaza-ylar<yazıyorlar Императив: otur, yazsın, gitsın, okuyun, gezsınler Идно време: наставката за идно време e –acak/-ecek:

aci>acak: baka-cim<bakacağım, yaza-cin<yazacaksın, okuyaca<okuyacak eci>ecek: vere-cim<vereceğim, soyle-ye-cin<söyleyeceksin, söyle-ye-cis<söyleyeceğiz, seve-cesiniz<seveceksiniz, seveceler<sevecekler

Минато определено свршено време (перфекат): -di, -dı: ı>i: bil-dım<bildim, bildın<bildin, bildı<bildi, bildık<bildik, bildınız<bildiniz, bildiler

Минато неопределено свршено време (наратив): miş>mış: kalmiş<kalmış, yazmiş<yazmış mış>miş:gitmış<gitmiş

Инфинитив и партисип (глаголска именка и придавка)

–an/-en, -yan/-yen: gel-en, ağla-yan, büü-yen<büyüyen

-acak/ecek: şaşacak, ülecek<ölecek

-ma/-me: kalma, yazma

-mak/-mek: ekmek yemek, ağlamak

Кондиционал: gelsam<gelsem, istesan<istesen, istesa<istese, satarsek<satarsak Заменки: benım<benim, senın<senin, bizım<bizim, sizın<sizin, bensıs<bensis Показни зборови: buni<bunu, şuni<şunu, oni<onu, bunlari<bunları, şunlari<şunları, onlari<onları Прилози: dişari<dışarı, ütüden<öteden, yokari<yukarı, üteye<öteye Предлози: sabunle<sabunla, taşle<taşla, babasiyle<babasıyla Извици: aferim<aferin

Вредност и значење на доброто Кумановскиот турски говор претставува составен и значаен дел од македонското културно наследство, односно од дијалектната база на турскиот јазик кој се говори надвор од границите на Република Турција. Вредноста на овој говор ја оценуваме пред се` од лингвистичка, и поконкретно од дијалектолошка, (на фонетско-фонолошко ниво, морфолошко, лексичко-семантичко и етимолошко ниво); притоа не ги занемаруваме ниту значењата од етнолошка, филолошка и другите културни вредности вткаени во народниот јазик.

Критериуми врз кои е извршена валоризација на доброто

Критериуми кои се однесуваат на својствата на доброто

•Автентичност – Во рамките на јазикот секој одделен дијалект претставува негов автентичен дел; токму врз ова својство се должи значењето на турските говори кои се употребуваат во РМ.

•Реткост – Во својот примарен и оригинален облик, кумановскиот турски говор е карактеристичен за точно определена територија, односно за луѓето што потекнуваат од точно определена територија врз основа на што се цени нивната реткост и единственост.

•Разновидност – Општо речено, разновидноста на секој турски говор во, па и надвор од границите на Република Турција, како и кумановскиот говор претставува природен извор на јазичен материјал на турскиот јазик, па во оваа смисла чувањето и проучувањето на дијалектната база овозможува чување, збогатување и насочување на турските говори во РМ.

•Интегралност – Овој говор, како и другите турски говори во РМ е интегрален дел од севкупните турски говори. Со други зборови, со своите основни фонетско-фонолошки, морфолошки, морфосинтаксички и лексички особености, кумановскиот турски говор е составен и интегрален дел на турските румелиски говори.

•Старост – Турските говори во РМ, вклучително и говорот на турците од кумановскиот регион, се основен белег на турската етничка заедница која живее во РМ. Турските говори што се употребуваат во РМ ги содржи елементите на османскиот турски јазик кој се употребувал за време на Османската Империја. Тие во себе чуваат многу архаични форми на јазикот одошто што можат да се забележат во стандартниот турски јазик.

Критериуми кои се однесуваат на функцијата на доброто

Основна функција на секој говор е комуникациската. Комуникацијата меѓу населението и пренесувањето на информации се најважните функции на јазикот, па и на кумановскиот турски говор како специфично и идентификациско обележје на тамошното население. Разбирањето меѓу луѓето придонесува определено население меѓу себе да стапува во различни видови односи, па и во врски од различни области од стопанството. Кумановскиот турски говор е предмет на истражување во научната област лингвистика. Непосредно со научната функција е врзана ивоспитно-образовната функција што ја има проучувањето на турските говори (дијалекти) и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на говорите на турското население во РМ.

воспитно-образовната функција што ја има проучувањето на турските говори (дијалекти) и запознавањето на учениците и студентите со одделните карактеристики на говорите на турското население во РМ.

Критериуми кои се однесуваат на значењето на доброто •Културно – Кумановскиот турски говор е дел од културното наследство на турското население што живее на определена територија; односно во говорот е вграден речиси секој елемент од културната традиција на турското население, започнувајќи од изгледот (на пр. Народните носии и називите на деловите на народните носии), работата (земјоделието и алатките за обработка на земјата, називи во врска со садовите и нивната употреба во домашните работи), народните песни испеани во тие краишта, во кои е вплетена историјата на населението низ вековите итн. Токму во овие рамки може да се зборува за културното значење како еден од најважните критериуми при валоризација на турскиот говор во кумановскиот регион.

•Историско – Турските дијалекти-говори се примарен дел од културното и историското наследство и основен белег за постоење на турското население надвор од границите на својата матична земја. И само преку нивно поединечно и интегрално проучување можеме во вистинско светло да ја презентираме пред јавноста културната традиција и историја на турското население кое живее во РМ.