мини|Камена шума Шилин мини|Шјиаао-Чиконг (Либо Карст) мини|Пештерата Фуронг (Вулонг Карст) мини|Вториот лак во областа „Три Моста“ (Вулонг Карст) мини|Конусен карст во Јангшуо Јужнокинески Карст (поедноставен кинески: 中国南方 喀新; традиционален кинески: 中國南方 喀新; пинјин: Zhōngguó Nánfāng Kāsītè) — локалитет на светското наследство на УНЕСКО, еден од најисклучителните влажни тропски до суптропски крашки предели. Тој е карстно подрачје што се протега низ покраините Чонгчјинг (重击市, Chungking, Ch'ung-ch'ing), Гуангшји (Guǎngxī Zhuàng Zìzhìqū, 广西壮族论旅区), Гуиџоу (贵州省, Guìzhōu Shěng) Јунан (云南省, Yúnnán Shěng) и зафаќа 97.125 хектари. Се одликува со различни карстни особености (столбови, врвови и конуси, заедно со други спектакуларни особености како што се природни мостови, клисури и големи пештерски системи) и предели со богата биоразновидност. Јужнокинескиот Карст опфаќа седум заштитени области:

во 2007 година биле впишани Либо Карст, Шилин Карст и Вулонг Карст. во 2014 година биле впишани Гуилин Карст, Шибинг Карст, Јинфошан Карст и Хуанџјианг Карст.

УНЕСКО го опишува Јужнокинескиот Карст како „неспоредлив во различноста на карстните особености и предели.“

Геолошки особености Околу 13 % од површината (повеќе од 1,25 милиони км²) на територијата на Народна Република Кина се состои од варовнички предели. Од ова, околу 500.000 км² може да се означат како карстни предели. Овие карстни предели главно се наоѓаат на југот на Кина, се протегаат на околу 1380 км во правец запад-исток и околу 1010 км во правец север-југ, а најчесто се наоѓаат во покраините Јунан, Гуиџоу и Гуангшји, во помала мера во Чонгчјинг, Сечуан, Хунан, Хубеи и Гуангдонг. Пределите имаат различни климатски услови (влажни и полусуви, суптропски и тропски).

Во геолошка смисла, варовничките почви, што на некои места се дебели и по неколку километри, настанале на подрачјето на денешна Јужна Кина во раздобјата од камбриум до перм, т.е. пред околу 540 до 250 милиони години. Во тоа време, денешна Јужна Кина била дно на исконско море, во кое постојано се таложеле карбонатни и силикатни седименти. Настанала како резултат на тектонските процеси на плочи кои започнале во тријасот (пред 200 до 250 милиони години) и довеле до постепено издигнување на Евроазиската Плоча во областа и настанување на Хималаите во доцниот терциер (пред 70 милиони години). Морето во областа на Јужна Кина пресушило и настанало копно главно од варовник, со висински наклон од околу 2000 метри од северозапад кон југоисток. Под влијание на ерозијата предизвикана од временските прилики (дожд, ветер,...) и други геолошки процеси (вулкани и сл.), со текот на времето се појавиле денешните исклучително разновидни карстни предели со високи и конусни карстни образувања, карстни пештери и сл.

Запишување во наследството на УНЕСКО Откако Народна Република Кина првично поднесувала релативно независни барања за впишување на различни карстни предели како светско наследство на УНЕСКО, кинеската влада спровела стратегија за впишување на битните карстни предели во Јужна Кина во неколку последователни фази како дел од заедничкото светско наследство Карстни предели во Јужна Кина.

Културната посебност на номинираните места била тоа што тие се претежно во региони населени со население на националните малцинства (Шилин, Либо и други). Во номинацијата, претставниците на кинеската влада нагласила дека ќе се почитуваат правата на овие малцинства и дека тие ќе бидат вклучени во управувањето и обликувањето на идните места на светско наследство.Nomination file 1248, S. 21/22: Chinese policies on minority peoples Била истакната и богатата биоразновидност на номинираните подрачја во кои се среќаваат неколку ретки, строго заштитени животински и растителни видови.Nomination file 1248, S. 41–45: 2.a-2-4 Biotic Community and Biology Species; S. 63–64: 2.a-3-4 Ecosystem, S. 65–76: 2.a-3-4a Biodiversity; S. 100–104: 2.a-4-4 Biology

Прва номинација Во првата фаза на номинирање, Народна Република Кина на 16 јануари 2006 година поднела барање за регистрација на три карстни покраини (карстот Шилин во Јунан, Либо Карст во Гуиџоу и Вулонг Карст во Чонгчјинг) како светско наследство. Шилин и Либо се составени од по две, а Вулонг од три места.

На своето 31 заседание во Крајстчерч (Нов Зеланд) одржано од 23 јуни до 2 јули 2007 година, Комитетот за светско наследство на УНЕСКО вклучил седум карстни предели како места на светско наследство на УНЕСКО. Наведени биле критериумите (vii) и (viii). Во исто време, Комитетот на УНЕСКО предлагал дека треба да се земе предвид и критериумот (ix). +Впишано светско наследство во 2007 година Nomination file 1248, Tabelle 1–2: Area of the Nominated Property and Proposed Buffer Zones im Anhang ИД Име и град Населба, предел Координати Површина Тампон-зона 1248-001 Шилин Карст – Камена Шума Наигу石林喀林-乃古石林Шилин,Јунан 0 1.746 ха 22.930 ха 1248-002 Шилин Карст – Камена Шума Суогеџиќун石林喀新所-所各邑村Шилин 10.324 ха 1248-003 Либо Карст – Шјиао-Чиконг荔波喀新小-小七孔Либо ,Гуиџоу 0 7.834 ха 43.498 ха 1248-004 Либо Карст– Донгдуо荔波喀方合-洞多Либо 21.684 ха 1248-005 Вулонг Карст – долина Чјингкоу武隆喀方合-箐口天坑Вулонг ,Чонгчјинг 0 1.246 ха 32.000 ха 1248-006 Вулонг Карст – Три природни моста武隆喀新-天生三桥Вулонг 0 2.202 ха 1248-007 Вулонг карст – пештерата Фуронг武隆哖林-芙蓉洞Вулонг 0 2.552 ха Вкупно 47.588 ха 98.428 ха

Втора номинација Во втората фаза до 2012 година, од 10-те избрани главно карстни покраини, биле избрани уште четири карстови (Гуилин Карст во Гуангшји, Шиби Карст во Гуиџоу и Јинфошан Карст во Чонгчјинг; дополнително, Хуанџјианг Карст во Гуангшји како непосредно продолжение на Либо Карстот), што УНЕСКО на 20 март 2013 година ги номинирал за светско наследство. Во согласност со барањата на УНЕСКО, пределите биле избрани да ги надополнат веќе регистрираните предели, т.е. не треба точно да ги репродуцираат нивните особености. Надлежниот одбор позитивно ја оцени номинацијата во април 2014 година. На своето 38 заседание во Доха (Катар) од 15 до 25 јуни 2014 година Одборот за светско наследство на УНЕСКО ги стави пријавените места на списокот на светско наследство. +Впишано светско наследство во 2014 година ИД Име и град Населба, предел Координати Површина Тампон-зона 1248-008 Гуилин Карст – Путао-Фенглин桂林喀林-葡萄峰林Јангшуо ,Гуангшји 0 2.840 ha 21.610 ха 1248-009 Гуилин Карст – Лиџијанг-Фенконг桂林喀方料-时江峰世Јангшуо 22.544 ха 23.070 ха 1248-010 Шибинг Карст施秉喘方Шибинг,Гуиџоу 10.280 ха 18.015 ха 1248-011 Џинфошан КарстЗлатен Буда Нанчуан,Чонгчјинг 0 6.744 ха 10.675 ха 1248-012 Хуанџјианг Карст环江喖方Хуанџјиан, Гуангшји 0 7.129 ха 0 4.430 ха Заедно 49.537 ха 77.800 ха

Наводи

Категорија:Јунан Категорија:Гуејџоу Категорија:Гуангси Категорија:Карст Категорија:Светско наследство во Кина